Војо Маневски: Оние што треба да го штитат работникот воглавно го штитат чиновникот затоа што само тој во оваа држава до некаде е заштитен со закон. Вработените во реалната економија ниту имаат време ниту интерес да се занимаваат со јавни прашања. Законитоста на понудата и побарувачката за нив стигнува прекасно. Немањето на работна квалификувана сила како потребен баланс за состојбите на пазарот на трудот за нивните болки не е веќе лек. Најголем број на вработени во реалниот сектор имаат повеќе од 40г во својот матичен број. Младите заминуваат, а бизнисот ќе се обиде да донесе нови работници од некои далечни земји што нема да бидат синдикално организирани туку ќе бидат ставени во машината за профит.
Бизнисмените и не пишуваат писма тие само потпишуваат пораки и налози за плаќање … Додуша, се што треба порачуваат од позадина и по канали кои и не смеат да бидат видени од јавноста.
А да му пишат на премиерот граѓаните или граѓанките?
Извор: ЦивилМедиа.мк
