Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина денеска потпишаа договор со кој се утврдуваат долгорочните безбедносни односи на Вашингтон со Киев на маргините на Г7 што се одржува во јужна Италија.
Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишаа билатералниот договор што доаѓа откако 15 земји склучија слични долгорочни безбедносни договори со Киев, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија.
Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, вчера рече дека договорот нема да ја вклучи обврската за Вашингтон да распореди американски војници во Украина, ниту ќе содржи обврски за снабдување специфични системи за оружје.
Договорот нашироко ја регулира соработката меѓу двете земји на сите можни нивоа, вклучително и во однос на воената опрема, обука и маневри.