Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над десет илјади активни КОВИД-случаи во земјава, барање за онлајн-настава во второто полугодие

0
By Ivana on January 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со новите  КОВИД-случаи во вчерашната статистика, бројот на активни заразени лица во земјава надмина десет илјади (10 383), а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна  234 277.

По Скопје, каде што во моментов потврден вирус имаат 6212 луѓе, со највисоки бројки следуваат Битола со 876 и Прилеп со 535.  Од новодијагностицираните 813, во главниот град се 549, а следни со најмногу нови заразени се Битола – 49 и Куманово – 40.

Движењето „Поддршка за онлајн-настава“ вчера побара второто полугодие од учебната 2021/2022 да почне со онлајн-настава поради нагорната линија на позитивни лица и затоа што, како што велат, нема услови за настава со физичко присуство.

– Децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства. Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден-двајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега, во првото полугодие, не се придржуваа до протоколите, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето произлезено од фејсбук-група која има 15 илјади членови.

Апелираше до министрите за здравство и за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести, да ѝ го предложат на Владата нивното барање.

Под построги протоколи, со задолжителни маски, но и задолжителен негативен резултат од селф тест, односно тест за домашна употреба, учениците во Грција вчера се вратија во училишните клупи и второто полугодие започна регуларно, без одлагање.

Учениците и просветните работници задолжително ќе се тестираат два пати седмично, со бесплатните селф тестови, а за оваа седмица ќе добијат еден тест плус.

Во Хрватска вчера стапија во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти.

Во Словенија вчера стапија во сила неколку измени на Уредбата за мерки за спречување на ширење на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се скратува времетраењето на карантинот и важноста на тестовите, но се намалува бројот на патници во јавниот превоз.

Таквите мерки се донесени во согласност со упатствата издадени од словенечкиот национален институт за јавно здравје. Од вчера е скратен карантинот по контакт со висок ризик или при влез во земјата без пропусница за КОВИД-19 од десет на седум дена.

Рекорден број новозаразени има во Албанија. Инфекциите на национално ниво се значително зголемени во последните три дена, просечно по 1500 случаи дневно, но во болниците не се одразува директно во хоспитализацијата.

Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во Шпанија, Велика Британија и Италија и на други места сè повеќе се во неповолна положба бидејќи многу работници се или болни или во изолација.

Велика Британија во петокот почна да распоредува воен персонал за да им помогне на болниците кои немаат доволно персонал и се под голем притисок поради големиот број пациенти.

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за КОВИД-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“.

– Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште тешкотии, рече Набаро во интервју за Скај њуз, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови варијанти и по омикрон.

– Ќе биде тешко уште најмалку во следните три месеци, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа стивнува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци.

Регулаторното тело на ЕУ за лекови вчера соопшти дека „во рок од неколку недели“ може да одлучи дали да ја одобри употребата на пилулата против КОВИД-19 на „Фајзер“ – Паксловид, откако американскиот производител на лекови поднесе барање за одобрување.

„Побарано е одобрение за третман на лесна до умерена форма на КОВИД-19 кај пациенти на возраст од 12 години и постари, кои тежат најмалку 40 килограми и се изложени на висок ризик од влошување на здравјето“, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Вакцините остануваат клучно средство во борбата со пандемијата, но регулаторите ја гледаат терапијата со лекови како нова алатка во борбата против омикрон, брзо распространетата варијанта на коронавирус, која досега е откриена во повеќе од 128 земји.

На важноста  да се продолжи со имунизација на општата популација „колку што е можно повеќе“, вчера повика и папата Франциск во своето годишно обраќање.

Посветувајќи ѝ на пандемијата пет од шесте страници на говорот, папата ги осуди неоснованите идеолошки дезинформации за вакцините против КОВИД-19, поддржувајќи ги националните кампањи за вакцинација.

-Гледаме дека на оние места каде што е спроведена ефикасна кампања за вакцинација, ризиците од тешки последици од болеста се намалени, рече папата во обраќањето пред повеќе од 200 дипломати акредитирани во Ватикан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.