Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над половина радија и телевизии имале политички спонзор

0
By Zoran Ivanov on June 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еднопартиско предизборно рекламирање во медиумите се среќава на сите нивоа

Гоце Трпковски и Васко Маглешов

Тезата за поделба на медиумите на „наши“ и „ваши“ постојано лебди над македонската медиумска сцена, а голем дел од јавните гласила често се соочуваат со етикетирање дека се наклонети кон една или кон друга политичка опција. Овие етикети најчесто се лепат врз основа на известувањето, изборот на гости во емисиите или според други содржински критериуми.

Но, има и ситуации кога медиумско-партиските спреги не се прашање на впечаток, туку стануваат очигледни. Една од тие ситуации е предизборното рекламирање на политичките партии, особено откако трошоците за него ги презеде државата, па партиските раководства се тие што одлучуваат на кого колку ќе му дадат од секундите што им се одобрени, а со тоа и кој колку пари подоцна ќе наплати од Државната изборна комисија.

Извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), за кампањата за изминативе парламентарни избори, кои се одржаа на 8 мај, покажува дека 35 од 68-те радија и телевизии што се пријавиле за да емитуваат предизборни реклами, односно повеќе од половината, имале или само по една партија што се рекламирала кај нив, или имале повеќе, но една доминирала заземајќи над 60 отсто од рекламниот простор. Поточно – 18 медиуми добиле само по еден рекламер од партиите-учесници на изборите, а 17 имале доминантен огласувач.

Во другите радиодифузери, состојбата била партиски поизбалансирана, но кај речиси сите се забележува етничка и јазична нерамнотежа. Партиите што се обраќаа на гласачите Македонци биле најприсутни со реклами на медиумите на македонски јазик, додека оние што ги бараа гласовите од Албанците се рекламираа претежно во радиодифузери со програма на албански јазик.

 

Анализата на податоците објавени од АВМУ покажува дека доминацијата на една партија во изборното рекламирање може да се забележи во телевизиите и во радијата на сите нивоа, од државно до локално. Но, како што се оди подолу, така тоа е поизразено.

Така, од 11-те пријавени телевизии што емитуваат програма во целата држава (петте терестријални и шесте сателитски), има две што добивале реклами исклучиво од една партија – Алфа од ВМРО-ДПМНЕ и Наша ТВ од СДСМ. Телевизијата Клан, пак, над 80 отсто од рекламите ги добила од ДУИ, а другите од СДСМ. Од четирите национални радија, пак, Јон е единственото каде што доминира една партија, ДУИ, со над 60 отсто од рекламите.

Кај две од 15-те регионални телевизии и кај четири од 10-те регионални радија е забележано стопроцентно рекламирање на една партија. Кај четири телевизии на регионално ниво, пак, има огласувачи што зазеле меѓу 60 и 80 отсто од просторот.

На локално ниво, пак, само три од 13-те телевизии што се пријавиле имале побалансирана поделба на рекламниот простор. Четири добиле реклами од единствен огласувач, а шест биле со речиси еднопартиско огласување. Највисоката стапка на еднострано рекламирање може да се види кај локалните радија – пет од 15 добиле огласи само од една партија, а кај уште четири, една објавила многу повеќе реклами од другите.

ВМРО-ДПМНЕ се јавува како единствен огласувач во вкупно 10 од пријавените радиодифузери за изборите, а СДСМ и ДУИ во по четири.  СДСМ и коалицијата „Вреди“ биле доминантни огласувачи во по пет медиуми, ВМРО-ДПМНЕ во четири, а ДУИ во три.

Ако податоците се свртат обратно, пак, односно се анализира во кои национални телевизии партиите дале најмногу реклами (без разлика дали тој медиум објавувал само нивни реклами или и на други), ќе се види дека СДСМ ги објавил речиси половината од своите реклами на Канал 5 и на ТВ 24, додека ВМРО-ДПМНЕ речиси еднакво го поделиле колачот меѓу Алфа, Канал 5 и Сител, а оставиле помали парчиња и за другите.

ДУИ алоцирал повеќе од една третина од своето време на ТВ Клан и нешто помалку на Алсат-М и на ТВ 21, а коалицијата „Вреди“ го дала најголемиот дел (над 50 отсто) на Алсат М, околу една третина на ТВ 21 и помал дел на ТВ Шења.

Левица дала повеќе од половина од своите реклами на Сител, а една третина на ТВ 24, додека ЗНАМ најмногу се рекламирале на Канал 5, а нешто помалку на Телма и на ТВ 24. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.