Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надградба на Стратешкото партнерство – Македонија и САД го започнаа Стратешкиот дијалог во Вашингтон

0
By Sashko on June 2, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошничката државна секретарка за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој денеска се одржува во Стејт департментот во Вашингтон.

„Стратешкиот дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Особено нѐ прави горди што Северна Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и силното сојузништво меѓу двете земји“, подвлече Османи.

По официјалното отворање, следуваше сесијата посветена на регионалните иницијативи што ја предводеа Османи и Донфрид. Во фокусот на дискусиите беше важноста на регионалните иницијативи за реформските процеси како особено значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и целокупната стабилност на Западниот Балкан.

Министерот Османи го нагласи активното учество на Северна Македонија во голем број на регионални иницијативи, притоа истакнувајќи ги „Берлинскиот процес“, „Отворен Балкан“, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка, итн. Воедно, ја истакна нивната улога во делот на економската интеграција и регионалниот просперитет, нагласувајќи дека истите не претставуваат замена за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку ги потпомагаат и забрзуваат нивните евроинтегративните процеси.

„Северна Македонија како иницијатор на И8 и Б6 е земја предводник на регионалните иницијативи со визија за забрзување на реформските процеси, зајакнување на економската интеграција и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Ваквиот пристап е особено значаен за надминување на разликите меѓу земјите од регионот и нивно што поскоро интегрирање во ЕУ. Особено сме благодарни на САД за нивната континуирана и недвосмислена поддршка на нашите заложби во оваа насока“, нагласи Османи.

Иницијативата осум (И8) претставува регионална платформа, иницирана од Северна Македонија, за трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Бугарија. Нејзина цел е зајакнување на политичката соработка меѓу земјите долж паневропскиот Коридор 8, или таканаречената балканска оска исток – запад која ги спојува Јадранското со Црното море, преку поттикнување на соработката во областите на безбедноста, енергетиката, туризмот, културата и сл.

Иницијативата Б6, пак, претставува неформална платформа за политичка соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, иницирана минатата година од министерот Османи, а чија цел е поттикнување на меѓусебната комуникација меѓу предводниците на дипломатиите во земјите од регионот, слично на веќе етаблираните регионални соработки во Европа, како што е В4 (Вишеград) или иницијативата на земјите од централна Европа Ц5.

На сесијата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија, како и поддршка на Украина и украинскиот народ. Дополнително, беа потенцирани постигнувањата на Северна Македонија во рамки на евроинтегративните процеси и беше упатена порака за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.