НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надворешната политика на Путин-помеѓу авантуризмот и реализмот

0
By Mirjana on March 10, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Проф.Др. Нано Ружин

Во април 2016 на Економскиот форум во Санкт Петерсбург, Владимир Путин го лансираше проектот „Голема Евро-азија“. Според концептуалистот на оваа идеја Александар Дугин, „Претседателот Путин настојувал да се фокусира врз  возвишената идеја од геополитичка и политичка природа. Се работи за создавање на супранационална унија базирана врз заедничка цивилизациска основа  на северниот Евроазиски простор. Сто дванаесет години претходно, (1904) геополитичарот Халфорд Џон Макиндер ја развил тезата за Евро-азија како персонификација на Земјиното срце (Heartland). Според Мекиндер, светот е споредлив со светскиот океан каде што е сместен светскиот остров („world island“) составен од Азија, Европа и Африка. Околу него се ситуирани големите острови („outlying island -оддалечениот остров“): Америка, Австралија, Јапонија и Велика Британија. „Оној што го контролира глобалниот центар („срцето-heartland“) тој го контролира глобалниот остров“, констатирал британецот Макиндер. „Оној што го држи светскиот остров го држи и светот“. Срцето на светот е претставено од Евро-азија во која доминираат Русија и Кина. И додека Макиндер загрижен од тогашната руска стратегија се фокусирал врз  земната-територијална моќ на Стариот континент, еден друг геополитичар од САД, Николас Спајкман, сметал дека бреговите на Евроазија или како што ги нарекува римландот или граничните земји, набљудувано од геостратешки аспект се многу позначајни од Хертландот. Спајкман пишува: “Кој го доминира Римландот ја доминира Евро-Азија. Кој ја доминира Евро-Азија ја конторлира судбината на светот“. Главната опасност за Соединетите Држави лежи во ризикот да се најдат  геостратешки „заокружени“ со обединувањето на римландите, бидејќи „тие би се соочиле со Титанот кој ги комбинира копнените и поморските сили, способен да ја проектира својата моќ преку Атлантскиот или Тихиот океан“, смета Спајкман. Дали е ова чиста случајност? Дали  терминот Евроазија е внимателно избран од страна на Путин за да се потсети на значењето на Земјиното срце околу кое се обединуваат Русија и Кина? Впрочем и во САД се користи изразот Евроазија, со оглед дека во МНР на САД  постои значајното дипломатско место „помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија“ со кој долго време раководеше Викторија Нуланд .

Русија нуклеарна сила и членка на Советот за безбедност

Во последниве две децении, почнувајки од 2000, Владимир Путин беше „господарот на прстените“ на спектакуларнoто враќање  на Русија на меѓународната сцена. Новиот претседател од Борис Јелцин наследи исклучиво деликатна ситуација, на една смалена и понижена земја, иако Русија во континуитет настојуваше да го истакне својот ранг на светска сила од прв степен.  „Со падот на Берлинскиот ѕид од 1989 една од најзначајните економски транизиции на сите времиња, резултираше со разочарувачки ниски ефекти за сметка  на надежите на заговорниците на пазарното стопанство“, истакнува нобеловецот Жозеф Стиглиц.  Руската држава како гарант на  огромниот нуклеарен арсенал и како една од петте постојани членки на Советот за безбедност поседуваше репутација на значаен субјект во меѓународните односи. Меѓутоа по имплозијата на СССР,  Русија  се сведе на обична регионална сила без можност да им притекне во помош на своите сојузници како што беше примерот со Србија на Слободан Милошевиќ. Нејзината надворешна политика беше еден вид претстава на шупливи говори, како метафора на „изнемоштен стар лав без заби и канџи“, егзистираше во услови на   буџетски рестрикции и водеше некој вид надворешна блеф-политика.

Русија се сврте кон Западот, стана јуниор-партнер на Кина но не успеа да се модернизира. Иако беше веле-сила на 20-от век, покажа големи слабости и немоќ за да се адаптира кон реалноста на 21-от век. Путин постојано инсистираше дека Русија е водена од јасната визија за своите „национални патриотски интереси“ . Меѓународниот либерален поредок предводен од САД, блескавиот стопански бум на Кина и Индија и на останатите не-западни држави што продуцираа огромни промени на меѓународната заедница, ја покажа материјалната и психолошката неподготвеност на Русија за новото време. На пример Русија денес представува само 3% од светскиот бруто производ кој е шест пати помал од оној на Кина, иако во времето на Советскиот Сојуз овое бројки беа во полза на Москва.

Леснотијата со која Русија го анектира Крим, потоа воената интервенција во Сирија, признавањето на независноста на украинските русофонски територии како и инвазијата во Украина и  вообразениот и заканувачки медиумски дискурс со  нуклеарна војна  прикриваат многу опасни реалности кон кои тргна газдата од Кремљ. Путин е свесен дека денес светот на 21-от век е свет во кој  националните граници и традиционалната  дефиниција на суверенитетот се повеќе се ставаат под знак на прашање. Употребата на грубата сила било да се работи за нејзиното меко издание како и коктелот на  soft power и hard power, станаа имиџ на шефот од Кремљ. Додека тој воглавно се потпира врз примитивните форми на проектирање на силата како што се воената сила и политичката субверзија, стана евидентно  дека на Москва и недостасува една пософистицирана и поинклузивна форма на влијание.

Застарена „вествалиска концепција“ на Путин

Идеалот на Путин беше да се воспостави  „концептот на големите сили на XXI –от век каде САД, Русија, Кина и неколку други актери кои заеднички  ке менаџираат со меѓународните настани. На тој начин, Русија на Путин влијаеше врз порастот на конфликтуелната геополитичка клима во светот.Се родија нови форми на конфронтација како „сајбер-нападите“, „хибридната војна“, додека безбедносните договори за стратешкото наоружување еродираа.

Реалистичката традиција на која се реферира Путин се потпира врз идејата на класичниот меѓународен систем според „вестфалскиот модел“, раководен од неколку сили. Во меѓувреме, глобализацијата, климатските промени, миграциите, растот на информатиката и на високите технологии, прашањето на производство на храна, водата, дезуниверзализацијата  на нормите и вредностите го направија светот многу потежок за функционирање и управување. На тој начин наместо ефикасен беше создаден нефункционален светски поредок. Духот на новото време на XXI- век претпоставува   заемна соработка на големите сили,  кооперативност и доверба со послабите држави, со државните и недржавните актери, интересните групи, граѓанското општество и меѓународните организации.

Интеграцијата на оваа нова реалност за Русија  беше многу тешка  речиси непремостива. Последниве децении Русија се однесуваше според класичните методи, каде односите со САД како референтно стратешки содржини беа вечниот “„непријател“ и партнер во контролата на наоружувањето. Ако Русија најави дека гради ефикасна надворешна политика,пред се требаше да се модернизира и демократизира. Во XXI-от век, како модерна држава, Русија   полезно е да ја гради својата soft power  политика во домените на новите технологии, алиментарната и хидро безбедноста, обновливите енергии и решавање на конфликти.Таа не смее да создава нови конфликти.

Планетарни амбиции

Во доменот на планетарните амбиции, стратегијата на Путин се потпира врз две основни премиси. Според првата „ Русија е светски актер чии интереси ги надминуваат териториите на соседните држави.Таа сеуште не претендира да се наметне како светска сила , ниту да врши влијание на планетарното скалило иако инвазијата на Украина тоа го демантира. Путин инсистира на историскиот легитимитет и природата  на Русија како голема сила истакнувајки ја довербата во сопствените воени и економски капацитети.

Втората премиса е од оперативна природа- modus operandi. Во оваа смисла Русија настапува еклектички, преку комбинација на билатералната и мултилатералната дипломатија. Билатерализмот е примарниот интерес кој овозможува дирекни интеракции со другите светски сили ( Кина, САД, Франција, Германија, Јапонија и Индија), кои се потпираат врз принципите на соработка и конкурентност. Во одредени случаи билатерализмот е употребен како унилатерализмот, кога Русија гo употребнува hard power во заштитата  на авторитарните режими на Белорусија, Азарбејџан, Казакстан, Узбекистан односно во сецесионистичките движења во Грузија и Украина.

     Ако релациите меѓу големите сили се јадрото на путиновиот пристап кон планетарните раководења со меѓународните односи, мултилатералната дипломатија се ефектуира преку институционалната и нормативната рамка. За Русија мултилатерализмот поседува повеќе форми.Таа е член на СБ на ООН, на Светската Банка и на ММФ со истовремено исклучување на Заподот од БРИКС (Бразил, Русија, Кина, Индија, Јужна Африка), потоа од Организацијата за соработка од Шангај (ОСЦ) Евроазиската економска Унија (УЕЕ), и Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОТСЦ). На тој начин Москва настојува да профитира од својата флексибилна стратегија и независноста на акцијата.

Рускиот пристап е помалку стратешки кохерентен а повеќе амалгам на атавистичкиот инстикт на визионерските аспирации и теактичките импровизации. Русија им придава значење на разни меѓународни организации, но водечки се двете нејзини позиции: СБ на ООН и БРИКС, каде е на ниво на егалитарност на САД (каде може да го употреби ветото на секоја Западна иницијатива) и да создаде еден вид морална конфузија. За Русија не е битна ефикасноста на СБ туку статусот и влијанието во меѓународните односи. Во БРИКС, Западот е маргинализиран а улогата на Русија е централна.

Најголемиот пораз на руската надворешна политика е Украина

Украина претставува најголемиот пораз на надворешната политика на Путин. Анексијата на Крим, признавањето на независноста на двете територии во Домбас и конечно инвазијата на Украина, означија еден неизлечив раскин со Киев. Овие настани овозможија  нов Raison d Etre на НАТО, кој ja обедини ЕУ, ја зајакна украинската нација и  ги оштети односите на Москва со целата меѓународна заедница. Воедно инвазијата во Украина ги дискредитира интеграциските проекти на Русија како што е Евро-азиската Унија, ја  изолира  Русија, вертикално и хоризонтално, економски, финансиски, геополитички,дипломатски, културолошки спортски, и воедно татковината на Достоевски, Пушкин и Чајковски се најде на ударот на невидени меѓународни санкции.

Пред инвазијата, претседателот Путин кон украинското досие покажувал амбиции за леаглизација на анексијата на Крим и натамошно одржување на контролата во Домбас. По  признавањето на двете територии на НР Доњецк и НР Луганск  како и по големата инвазија во Украина, Русија не престана да мечтае за  единствената геополитичка цел, која и се закануваше на Евроазија:  „ како  да се убеди  меѓународната заедница за да се добијат цврсти правни гаранција дека Украина нема да стане членка на НАТО или на ЕУ“. Во екот на воените судири, рускиот портпарол постојано ја повторуваше тезата на Путин за „демилитаризација, „неутралност“ и „денацизација“ на Украина како основни услови за повлекување на руската армија. Во услови на воена победа руските преговарачи ќе настојуваат во пост-воениот период да обезбедат: а) политичко влијание врз Киев, б) да и се признае сферата на привилегирани интереси на Русија во која спаѓаат и Белорусија со Украина в) признавање на Крим како составен дел на руската територија, г) евентуално фереативно уредување на Украина.  Според изјавите на Путин и неговите стратези, Русија нема намера да ја обнови СССР , туку „само да ја контролира но не и да ја освои“. Путин е за одржување на status quo слично  на статусот на поранешните советски републики со кои владеат авторитарни лидери. Напоредно Русија ке продолжи да се концентрира врз реконфигурација на меѓународниот  светски поредок во кој Кина а не САД ке биде најсилниот меѓународен актер. Во оваа насока соработката со Кина е најдобра алатка за да се сочува  меѓународниот статус на Русија. На тој начин епохата кога Русија можеше да аспирира за доминантен актер во Евроазија изгледа дека заврши.

Авторот е универзитетски професор 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.