Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално, како што информираат од УХМР, процесите, особено во ноќните часови, ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветар, електрични празнења и услови за појава на град.
Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.