Протестот во солидарност со палестинскиот народ е организиран од страна на левичарските здруженија Гласни Идеи и Социјален Центар Дуња. На настанот на Фејсбук тие го пишуваат следното:
„Палестинскиот народ во окупираниот источен Ерусалим се соочува со етничко чистење од државата Израел. Како резултат на нападите и насилството што ги користеа израелските власти, само оваа недела, беа убиени над 30 Палестинци, од кои 14 деца, оставајќи стотици повредени.
Покрај тоа, систематското насилство прераснува во иселување и узурпација на палестинските домови во Ерусалим.
Покрај тоа, систематското насилство прераснува во иселување и узурпација на палестинските домови во Ерусалим.
Постојаното угнетување и притворање на палестинскиот народ од страна на фашистичката власт во Израел е кршење на основните права и слободи на народите насекаде, и затоа треба интернационално да се спротиставиме на ова угнетување.
Во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор, во недела во 12 часoт ќе се одржи протестен собир на плоштад Македонија.
Потсетуваме на почитување на здравствените мерки и протоколи предвидени според комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.“
Бидејќи настанот беше објавен пред неколку дена не е точна бројката на убиени палестинци од страна на израелската држава, сега таа е далеку повисока.
Според Al Jazeera во последната ескалација на настаните во регионот, најмалку 145 палестинци, од кои 41 дете, беа убиени во Појасот Газа почнувајќи во понеделникот. Околу 950 други се ранети. На окупираниот Западен брег, израелските сили убија најмалку 13 Палестинци.