Париз: Франција ќе испорача нов контигент воена опрема за Украина. Стнува збор за оклопни возила и за проектили од разни видови противоздушни ракети од француските залихи, изјави тамошниот министер за одбрана, Себастиен Лекорну. Опремата вклучува оклопни транспортери од типот ВАБ и ракети од типот Астер за системите САМП/Т. Во интервју за француски весник Ла Трибјун, мнистерот одбил да ја прецизира количината што ќе се испорачува но потенцирал дека до крајкот на оваа или до почетокот на наредната година, за Украина ќе биле испратени стотици возила.