Еден ден пред доделувањето на Оскарите, во Лос Анџелес се одржува прогласувањето на најлошите филмови и актери на годината и тие ги добиваат признанијата „Златни малини.
Годинава, победник е последниот филм од серијалот “Twilight” кој освои дури седум Златни малини.
Филмот “Twilight Saga: Breaking Dawn Part 2″, приказната на младите и убави вампири, освои награда за најлош филм, најлоша режија на Бил Кондон, најлоша женска улога за Кристен
Стујарт, најлош спореден актер, најлош филмски пар, најлоша филмска екипа и најлошо продолжение на филмот.
Наградата за најлоша главна машка улога ја освоил Адам Сендлер за филмот “That’s My Boy”, кој е и добитник на наградата за најлошо сценарио.
Најлоша споредна женска улога остварила пејачката Ријана за своето појавување во филмот “Battleship”