Газа: Најмалку 10 Палестинци се убиени денеска во израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во населбата Шеик Радван, во градот Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми во палестинската енклава.
Израелските сили извршија напади врз неколку домови во јужниот и централниот дел на Појасот Газа, а три жени и едно дете беа убиени во Кан Јунис, јави палестинската агенција Вафа.
Во два напади со беспилотни летала во Тулкарем, на окупираниот Западен Брег, израелските сили убиле најмалку девет лица, вклучително и еден командант на Хамас.
Палестинското Министерство за здравство денеска излезе со податокот дека од 7. октомври во израелските напади во Појасот Газа загинале 39.550 Палестинци.