Најмалку 226 деца се убиени од почетокот на руската инвазија врз Украина, а уште 415 се повредени, тврдат обвинители.
Канцеларијата на главниот обвинител на Украина објави дека најмногу деца настрадале во регионот на Доњецк во кој досега се убиени 139.
Тие тврдат дека бројките не се конечни, поради борбените дејствија што се во тек.