Како што јавува светскиот сервис на Дојче Веле, властите од северозападниот град во Пакистан, Пешавар информирале за експлозија на бомба во една шиитска муслиманска џамија.
До експлозијата дошло во моментот кога верниците се собрале на молитва.
Пакистанската полиција , соопштила дека бомбата експлодирала во џамија , усмртувајќи најмалку 50 луѓе и повредувајќи десетици други.
Полицискиот портпарол Вахид Кан, рекол дека експлозијата се случила во џамијата Куча Рисалда каде што верниците се собрале на молитва за џума.