Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нарачаното убиство кое легализираше тајно снимен телефонски разговор како доказ

0
By Борјан Јовановски on September 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Швајцарија во далечната 1982 година се случи крими приказна во која снимен телефонски разговор му донесе 10 години затвор за поттикнување на убиство на нарачателот.

Приказната започнува на 28 Февруари 1981 година кога Питер Шенк решава долгогодишниот бракоразводен проблем со неговата жена Жозет Шенк да го реши со тоа што ќе најми платен убиец со задача да ја ликвидира госпоѓата Шенк.

На 28 Февруари Питер Шенк објавува оглас во кој бара поранешен припадник на Легијата на странци. На оглас0т се јавуваат повеќемина но Питер се одлучува да го ангажира извесниот Ричард Поти со прилично контоаверзно минато.

Во април 1981 Питер и Ричард се среќаваат во ловажно на еден хотел во Париз. По оваа средба на која Питер се претставува како претставник на „моќна меѓународна организација“ следуваат и други на кои Питер истражува колку Поти може да биде доверлив за да му биде соопштена главната цел за неговиот ангажман. Конечно Питер одлучува да му соопшти на Поти дека целта е да се убие неговата бивша сопруга. За извршената задача Поти треба да добие 40 000 американски долари.

По извесно време и два неуспешни обида да ја пронајде госпоѓата Шенк како и по серијата телефонски разговори Поти се премислува, смета дека Питер Шенк не е човек од која може лесно да ги извлече парите.

На 19 јуни 1981 Поти успева да ја пронајде Жозет во Швајцарија и ја пренесува својата приказна за тоа како е најмен за да ја убие.

На 20 јуни Жозет и Поти случајот го пријавуваат во полиција. Истиот ден Поти е сослушан од швајцарската полиција а на 24 јуни и од француската со оглед на тоа дека е француски државјанин.

Поти на полицијата и кажува дека наскоро треба да добие повик од Питер за да го извести дали мисијата е завршена. Овој телефонски разговор Поти и го најавува на полицијата како негов доказ дека тоа што го зборуваат тој и Жозет е вистина. Инспекторите даваат сугестија, но не и налог разговорот да биде снимен.

Поти го добива очекуваниот телефонски разговор од Питер претходно обезбедувајќи на своја рака целата потребна технологија во таа време да се сними разговорот.

Во разговорот Поти го информира Шенк дека работата е завршена и дека телото на Жозет е во некоја шума. На ова Шенк вели дека се уште ништо не чул на вестите и дека му е чудно што таа информација ја нема.

Инаку Поти и Жозет се договорени во овој период таа да биде сокриена така што никој да не може да ја види. Како и да е, Поти и Шенк во телефонскиот разговор се договараат каде и како Поти да си ја земе ветената парична надокнада од 40.000 долари. Договараат Париз да биде градот во кој ќе се сретнат и тука завршува разговорот. Поти оди во полициската станица и го предава материјалот на инспекторот.

Обвинителството покренува постапка. Првично таа е одбиена, но по жалбата на обвинителството сепак тужбата за поттикнување на убиство против Питер Шенк се покренува.

Окружниот кривичен суд на 13 август 1982 го осудува Шенк на 10 години затвор. Тој пак наредните две години безуспешно се обидува да го оспори телефонскиот разговор на сите судски инстанци кој го става зад решетки 10 години.

Во меѓувреме, фирмата која го произвела касетофонот, како и производителот на касетата на која е снимен разговорот се задолжени да вршат експертиза која ја потврдува автентичноста на снимениот материјал.

Шенк во 1984 година се жали пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург. Во тужбата тој вели дека е обвинет врз база на нелегално прибавени докази со што според него целиот судски процес го прави неправичен ао оглед на тоа дека пресудата воглавно се базира на на овие докази.

Владата на Швајцарија како тужена странка вели на ова дека е потребно да се направи разлика помеѓу користење на незаконски методи од страна на властите со цел да се прибават докази од една и од друга страна користење на такви методи од страна на поединци кои потоа тие докази ги доставуваат на властите. В

ладата во одбраната додава дека пресудата не е донесена само врз база на нелегално снимените аудио материјали, туку дека се изведени и други докази.

Владата исто така не оспорува дека снимките се обезбедени незаконски повикувајќи се на пресудите на швајцарските судски инстанци. Кривичниот суд заклучува дека „материјалите не се направени по налог на надлежните власти“.

Апелациониот суд пак заклучува дека на може да му се признае на подносителот на жалбата дека незаконското снимање на разговорот од страна на Поти може да се смета да прекршок. Врховниот суд во својата одлука пак дури вели дека Поти сторил кривично дело.

Сепак трите судски инстанци ги признаваат овие материјали како докази.

Апелациониот суд заклучува дека спорната снимка сама по себе не претставува забранет доказ и дека ако треба да се цени балансот помеѓу интересите и правата кои се во прашање , разликата меѓу овластеното прислушување и неовластено снимање не е сама по себе доволна да оправда придавање на важност на заштитата на приватноста во однос на јавниот интерес за откривање на лице криво за тешко кривично дело. Исто така судот заклучува дека користењето на вакви средства во овој предмет се во рамките на границите кои се прифатливи во борбата против криминалот.

Врховниот суд пак вели дека јавниот интерес кој се состоел од утврдување на вистината во предметот за едно кривично дело кое се однесува на убиство е над

Европскиот суд заклучува дека не може принципиелно и генерално да ги исклучи незаконски обезбедените докази да бидат прифатливи но Судот може како што се вели да утврди дали судењето било правично или не. Во случајот Европскиот суд констатира во случајот не биле загрозени правата на одбрана. Европскиот суд исто така заклучува дека на подносителот на тужбата не му било непознато дека снимањето на кое тој се жали било незаконско бидејќи не го наредил истражен судија. Тужителот вели Европскиот суд имал можност да ја оспори веродостојноста на снимките. Европскиот суд во одлуката исто така придава значење на фактот дека снимките не биле единствен доказ во постапката.

Кривичниот суд одбил да прифати дека снимениот материјал е неприфатлив како доказ бидејќи во случајот доволно ќе било да се сослуша Поти како сведок во врска со содржината на снимениот материјал. Европскиот суд наведува дека на повеќе места во пресудата на Кривичниот суд се потенцира дека таа е донесена врз база на други докази кои пак ги потврдуваат наводите од снимениот материјал.

Мнозинството судии на Еврошскиот суд ја отфрла жалбата на Питер Шенк.
Оваа пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбург често се наведува во одлуките на овој суд кои се носат во предмети во кои се ценат вакви дела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.