Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобранител: Политичкиот реваншизам продолжува

0
By Соња Петрушевска on March 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Праксата на ‘политички реваншизам‘ продолжува по кои било избори, посебно во образованието и детската заштита, при трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време и при изборот на кнадидатите, пишува во годишниот Извештај на Народниот правобранител за почитување на човековите права.

И покрај неможноста да се  констатира неправилна примена на законите затоа што раководните органи се повикуваат на дискреционото право на избор, сепак останува впечатокот за злоупотреба на ова право при изборот на кандидати за вработување на определно работно време и констатациите од инспекцискиот надзори не не убедија дека на објавените конкурси се бираат лица со најдобри компетенции“, пишува во Извештајот.

Во однос на работничките права, за 60 проценти е зголемен бројот на поднесени претставки. Граѓаните најчесто бараат заштита од Правобранителот во постапките при вработување, исплата на платии други надоместоци, откази и распоредување на пониски платени работни места.

Народниот правобранител, понатаму наведува дека поради ваквиот однос, граѓаните се чувствуваат дискриминирани – ова посебно било нагласено кај административните службеници во единиците на локалната самоуправа.

Иронија: За „профит“ од 255 денари, примател на социјална помош морал да врати 70 000 денари социјална помош

Социјалната заштита која ја добиваат социјално загрозените лица е далеку од сумата со која можат да се задоволат реалните потреби на граѓаните. Центрите за социјална работа ја продолжуваат праксата да носат решенија за престанок на право ако се утврди дека корисникот има остварено приход без да увидат дали се работи за износ кој навистина може да придонесе за промена на состојбата на ризик во која се наоѓа лицето.

Иронијата да е поголема граѓаните се задолжуваат за да ги вратат парите кои ги зеле како социјална помош од денот кога е евидентиран примеот на пари на име приоход. Загрижувачки и апсурдни се случаите кога граѓанин за приход од 255 денари бил задолжен да врати износ поголем од 70 000 денари.

Насилството меѓу учениците е во подем

„Насилството меѓу учениците е во подем, а училиштата не успеваат ефикасно да се справат и загрижува што некои училишта на насилното однесување на децата гледаат како на детска игра“, заклучува Народниот правобранител, при што укажува дека состојбата со правата на децата воопшто, е алармантна.

Во градинките само делумно се почитуваат стандардите за бројност на групите, просторни услови и опременост на градинките кои имаат потреба од ангажирање на дефектолози и обуки на воспитувачите за работа со деца со попреченост. Третманот со овие деца и натаму се сведува само на згрижување, а отсуствува воспитната компонента.

Исто така Парвобранителот наведува дека е алармантен и се поголемиот број на абортуси и раѓање од деца кои забременуваат во вонбрачна заедница.

За децата сместени во згрижувачки семејства, правобранителот бара редовно мониторирање од моментот на прифаќање на детето.

Зголемен е и бројот на претставки за полициските овластувања најчесто поради непреземање на мерки по кривични и други пријави на граѓаните , повреди за правото за азил, и поплаки за тортура и малтретирање.

Народниот правобранител поднел три барања за да се утврди казнена одговорност за полициски службеници за кривични дела против слободите и правата на граѓаните. Во пријавите од граѓаните било навдено дека биле навредувани по етничка или друга основа.

Извештајот за почитување и повреди на човековите права, Народниот правобранител ќе го достави до Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.