Патувањето во вселената веќе не е неостварливо за сите кои сакаат да ѕирнат во големото пространство на Универзумот. Ова го овозможува НАСА која нуди шанса да го испратите вашето име на следната мисија на Месечината, која е во фаза на подготовка а е именувана како „Артемис I“ во вселенскиот центар „ Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида.
НАСА, со цел да ја одбележи мисијата, ќе дозволи секој, бесплатно да го стави своето име на флеш-драјвот што ќе биде инсталиран на капсулата „Орион“.
– Се подготвуваме за „Артемида I“ – и сакаме да ве земеме со нас – напиша НАСА на својот твитер-профил.
Пријавувањето е лесно: прво, посетете ја веб-локацијата „Артемида I“.Откако ќе кликнете на копчето „Земи карта за патување“, треба да го напишете вашето име и презиме, заедно со 4-7 цифрен ПИН-код. По поднесувањето НАСА ќе испрати QR-код за да им овозможи на оние што ќе се пријават виртуелно да се приклучат на идните лансирања на НАСА.
Не е одреден датумот за лансирањето бидејќи НАСА го одложи првичниот датум поради потребата од безбедносни проверки. Агенцијата се надева дека ќе го лансира леталото во мај оваа година.
We’re getting ready for #Artemis I — and we want to take you with us.
Add your name to the upcoming mission and it will be flown aboard the @NASA_Orion spacecraft as it orbits the Moon: https://t.co/DBmI3axfyH pic.twitter.com/KnoQaiyJcj
— NASA Artemis (@NASAArtemis) March 2, 2022