Скопје: Членовите на Комисијата УНЕСКО донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, да достави комплетна документација врз основа на која е оформена градежна парцел за изградба на хотел на Горица во Охрид.
Комисијата побарала договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.