Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумоски: Данела е лажга и клеветничка – така пресуди судот денес

0
By Marija Todorovska on November 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Данела е лажга и клеветничка – така пресуди судот денес, речиси три години откако Данела пред новинари и камери ме клеветеше дека сум трошел градски пари за да јадам и пијам по кафани, објави на Фејсбук Никола Наумоски, шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Во овие три години, вели Наумоски, таа вешто ги избегнуваше сите судски покани, избегнуваше и одолговлекуваше, а на крајот не приложи ниту еден доказ за наводното трошење. Иако на располагање ја има целата архива на градот и сите документи, таа не успеа да најде ниту една инкриминирачка сметка, фактура, налог, било што со што ќе може да ја поддржи нејзината лага, пишува Наумоски.

Знам дека медиумите кои тогаш ја проследија оваа лага и кои не го објавија мојот тогашен демант, нема ни денес да се потресат за да ја објават одлуката на судот. Написите и ден денес стојат во нивните архиви. Не е тоа никаква правда после три години да добиеш судска пресуда, спротивна од осудата во јавноста. На луѓе како Данела тоа не им е важно, затоа што се луѓе без образ, кои не ги болат лагите (или вистините) кажани во јавност за нив. Мене ме болеше, а и моите блиски, па затоа морав да инсистирам на судска разрешница, а сега ќе инсистирам и на отштета и што поголемо и посуштинско јавно извинување од најдобрата менаџерка која некогаш чекорела по оваа скопска котлина, истакна во објавата Наумоски.

Никола Наумоски, во март 2022 година ѝ поднесе тужба за клевета на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Денес поднесов тужба за клевета на Градоначалничката Арсовска (Данела по дедо и Дане), откако претходно одби да ми се извини за клеветите дека сум јадел по кафани на градска сметка и дека заради боледување не сум се појавувал на работа, напиша тогаш Наумоски.

Градоначалника Даниела Наумовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.