На почетокот на продолжението од полуфинален натпревар од Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити синоќа на „Сантјаго Бернабеу“ еден навивач влезе на терен со албанско знаме во рака.
Навивачот втрча на теренот со албанско знаме и успеа да го прегрне Карим Бензема пред да го фатат од обезбедувањето.
Албанските медиуми во Македонија откриваат дека човекот кој втрчал на стадионот се викал Агими и е од Скопје, а живее и работи во Германија, објави sportski.mk