Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не давајте се, Кочо Анѓушев

19
By Биљана Секуловска on June 17, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пред неколку години на листата на Форбс бил прогласен за еден од петте најбогати Македонци. Тоа е голема чест веројатно, за оние кои влегуваат во такви трки, за оние кои секако дека имаат тежок почеток, тогаш кога крајот знаат како да го постигнат а да не се  препнат од камчето кое ги жули во сјајниот, црн и непослушен чевел.

Турканицата на такви листи претпоставувам дека е голема, конечно сите сме направени од различен материјал- некому парите му влеваат надеж дека светот само така опстанува, што за жал, не е далеку од вистината. Некои пак, од имагинарниот свет во главите ќе направат светот да експлодира од важност, тогаш кога со врвните научни, уметнички, креативни дела го опсипуваат човештвото со сила која парите никогаш нема да ја донесат, колку и да нудат раскош во безредието кое подлоста на алчните го создало.

Компанијата Фероинвест во 2014  е прогласена за најдобра во Југоисточна Европа

Пред некој ден прочитав на порталот “Призма” дека вицепремиерот Анѓушев одбил да им соопшти кој е вистинскиот сопственик на фирмата “Макинвент” со седиште во Белизе, а со која фирмата на Анѓушев- Фероинвест  е во партнерски односи во 2015.

“Офшор-партнерот на Анѓушев („Макинвент“) упатува кон бизнис-релациите на екс функционерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Здравев кој беше директор на државната компанија за пренос на струја МЕПСО и претседавач на  Советот на општина Центар.

Документите од Централниот регистар укажуваат на повеќе врски на „Макинвент“со фирмата „Мелимејт“ за која БИРН пишуваше и ја поврзуваше токму со Здравев”. (извадок од текстот на Владо Апостолов на “Призма” )

После овој текст, Анѓушев  изјавува дека новинарските истражувања за него се инструирани од некои центри. Веројатно мисли на овие текстови на БИРН од пред две години.

Како што реков, не се сомневам  во радоста на некои луѓе да имаат многу пари, најмногу пари, бескрајно пари. Да се поседуваат пари можеби звучи како евтина музика за оние кои ги собираат, како да се каменчиња, песок, разнобојни салфетки, значки со ликот на Ленин и другарот Хрушчов.

Се разбира дека тоа не мора да биде така- парите купуваат и моќ, нелагодност, немир, ароганција, ум, генијалност, пропаднат живот, скршени души. Се зависи кој ќе избере од оваа кошница која им го исполнува очајот или пак соништата, но не само нивните.

Според неофицијалните информации кои ги слушам, Анѓушев додека бил бизнисмен оставал зад себе и добри дела со насобраните пари, стекнати со труд, ум и вештини разни.

Во изборот на добри дела сега ситуацијата пред него е сосема поинаква. Тој стана дел од Владата на Заев, таа иста Влада, која се заколна во се што мора една власт: да се служи на граѓанинот, да се биде отворен, транспарентен, отчетен, чесен во секој поглед, доблесен, компетентен и посветен, затоа што власта и поинаква не смее да биде.

Во таква Влада, онаа на Заев, Анѓушев одбива да даде најобична информација- за сопствеништво на фирма која во 2015 била во Белизе, а со која има тој партнерски односи. Дополнително, во таква Влада, онаа на Заев, Анѓушев обвинува медиуми дека се инструирани од некои центри, тогаш кога објавуваат информации за неговите бизниси.

Вилијам Фокнер

Би сакала Кочо Анѓушев добро да размисли за еден случај, оној на Вилијам Фокнер, тогаш кога ја држи најголемата награда што човештвото воопшто ја доделува. Да размисли како може еден човек да прими една награда, како што е оваа на Фокнер, тоа е Нобеловата секако, и тогаш да каже: “Оваа награда не е за мене како човек, туку за мојата работа. Животна работа во агонија и пот на човечкиот дух, не за слава и пари, туку да се создаде од материјалот на човечкиот дух нешто, што дотогаш не постоело”.

Наградата која ја доби Анѓушев е вицепремирската, таа титула подразбира едно- да работи исклучиво во служба на граѓанинот. Тоа е преголема чест за некого, а за некого пак премалку. Тој што мисли дека е малку, незначајно и невредно, секогаш го има Фокнер, кој знаел многу луѓе да врати на вистинскиот пат.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.