Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Не)Можни „Уставни измени до крајот на годината“ – пред или по „интересните настани“ најавени од власта

0
By Zoran Ivanov on November 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дестан Јонузи

„Уставни измени до крајот на годината“ и „интересни настани“ во наредниот период – најави министерот за здравство и претседател на владејачката Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Од друга страна и партнерот на Таравари, премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредниот период конечно патот на Македонија до полноправно членство, ќе биде широко отворен и ќе се вреднува според компетенции, а не билатерални прашања.

Но на што се должат овие најави? Како Мицкоски од тврдото „НЕ за уставни под Бугарски диктат“, сега гледа „дупка“ за напредок?

Петар Арсовски – политички аналитичар и публицист за „Фронтлајн“ вели дека не гледа дека Софија ќе се откаже од нешто што веќе го има добиено, а Мицкоски мора да добие нешто различно од сегашниот пакет.

– Јас може да видам две варијабли кои може да влијаат на тој став. Едното е средбата на ЕУ проширување во Будимпешта, која се одржа под претседателство на Унгарија, и второ средбата со Макрон. Можеби таму разговарале за некои работи кои влеваат некаков оптимизам. Владата цело време тврди дека е посветена на евроинтеграциите, но сепак домашните предизвици ќе останат. Обезбедување на мнозинство, обезбедување на некакви гаранции како што вели владата… Ние пакетот не сме го виделе, така што реално не можеме да процениме каков став ќе заземе владата, ако и кога ќе има некој став, анализира Арсовски.

Тој, не гледа дека Софија ќе се откаже од нешто што веќе го има добиено, но додава, дека ако се состави влада во Бугарија, и ако постои притисок од меѓународната заедница, да почекаме да видиме дали тоа ќе вроди со некаков плод.

– Засега не знаеме да оцениме дали може да се очекува или не некави гаранции од Софија. Мицкоски мора да добие нешто различно од сегашниот пакет, подвлече тој.

Арбен Таравари претседател на Алијансата за Албанците изјави дека е оптимист дека пред Нова година земјата ќе ги спроведе уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, со што ќе се деблокира евроинтегративниот пат.

– Мислам дека ќе има уставни измени. Јас сум многу оптимист дека до крајот на годината ќе најдеме можност за уставни измени, изјави Арбен Таравари.

Таравари исто така најави дека ќе има интересни настани во овој период, па да дадеме време, како што вели тој, да видиме дали партиите повторно ќе побараат избори по Нова година.

Интересни настани, како што ги нарекува Таравари, најави и Мицкоски, алудирајќи на криминални и корупциски афери.

Премиерот Мицкоски има разбирање, но и свое објаснување за изјавата на идната еврокомесарка за проширување Марта Кос која очекува Македонија да го смени Уставот како што ветила, ни повеќе ни помалку. Смета дека ваквиот нејзин став бил со цел да ја добие поддршката и од бугарските европратеници, но уверен е дека во наредниот период конечно патот на Македонија до полноправно членство, ќе биде широко отворен и ќе се вреднува според компетенции, а не билатерални прашања.

– Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине ‘хирингот’ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки, вели Мицкоски.

Мицкоски, оптимизмот, како што вели го темели на сите средби кои ги имал изминатите 5 месеци како премиер. Меѓу нив и последната со францускиот претседател Макрон по која соопшти дека разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.

Ако се изгласат уставните измени Северна Македонија автоматски може да ги почне проговорите за членство во Европската Унија.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

ВЕСТИ October 2, 2025

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно…

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.