Во Азербејџан е убиен новинарот Расим Алиев поради неговите критики напишани на Фејсбук на сметка на еден азербејџански фудбалер. Поборниците за слобода на изразувањето во оваа држава која е рангирана на 167 место на листата на Репортери без граници велат дека ова убиство и резултат на се почестите вербални напади на критичките новинари и дисиденти на режимот на претседателот Илхам Алиев.
Новинарот Расим Алиев беше хоспитализиран во саботата а почина вчера како резултат на повредите кои му биле нанесени при физичкиот напад. Во изјава дадена ппо неговата хоспитализација Алиев рече дека бил нападнат од заседа по објавата на неговиот коментар објавен неколку дена порано на ФБ во кој тој го критикувал азербејџанскиот фудбалер кој јавно истапил со националистичка навреда упатена кон еден кипарски новинар.
Алиев е четврти убиен новинар во Азербејџан во изминатите десет години.
Убиството на Алиев е резултат на културата на неказнување и толерирање на насилството на блиските луѓе на режимот кон сите оние кои му се спротиставуваат и го критикуваат, изјави активистото Јохан Бир.
Кога претставници на власта јавно идетификуваат новинари како непријатели на државата и предавници, кога нападите врз нив никогаш не се казнуваат не би требало да бидеме изненадени што се случи оваа трагедија, вели Бир.
Претседателот Алиев лично ќе ја набљудува истрагата за ова злосторство, изјави портпаролот на претседателот.
Сторителите на претходните три убиства на новинари во Азербејџан никогаш не беа откриени.