Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема нови директори во здравството: Ги кочи ли ДУИ кадровските смени?

0
By Менче Атанасова Точи on July 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ ги кочи кадровските смени во здравството бидејќи не сака да комуницира со Алијансата на Албанците, неофицијално дознава НОВА, од високи партиски извори. Наводно, од ДУИ воопшто не одговарале на повиците и барањата да седнат и да се договорот за кадровските смени во здравството. Од тие причини од минатата недела нема кадровските смени, а коалиционите партнери не можат да седнат и да се договорат каква ќе биде распределбата на директорските места во клиниките и болниците.

Освен смените на неколку клиники на почеток, нема никакви други промени, а работите закочија и тапкаат во место. Тоа создава дополнителна тензија и нервоза кај вработените кои се во исчекување, но и кај кандидатите за директорски места, велат нашите извори.

Заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски за НОВА вели дека не знае колку директорски места бараат од ДУИ, но се надева дека во скоро време, можеби и викендов  ќе седнат на заедничка маса.

„Смени ќе има секаде, но засега ништо не е ставено на маса“, изјави за НОВА, Чакаровски.

НОВА, побара одговор и од ДУИ дали навистина ја кочат работата и соработката со коалиционите партнери и како ќе се реши проблемот, но од таму нема никаков одговор.  

Дополнително, во Министерството за здравство велат дека директори кои и имаат решенија и не се вд. не можат да бидат разрешени додека не им помине мандатот, но, такви се малку. Досега се сменети само директорите на клиниките за кардиологија, нефрологија, онкологија, неврохирургија и токсикологија, додека разрешувањата на економските директори се одвиваат непречено. 

Иако од Министерството за неделава најавија кадровски смени на скопските клиники, НОВА дознава дека тоа сепак нема да случи.  Како и да е во текот на наредната недела најверојатно ќе се случат дел од кадровски смени на скопските клиники. Таму веќе се шпекулира со имињата на Љиљана Којиќ како кандидат за директор на Клиниката за детски болести, на Максилофацијална хирургија каде сериозен кандидат е Славе Наумовски, на Клиниката за гинекологија се спомнува името на Ана Данева, во тетовската болница Агим Рамадани. Според извори на НОВА од клиниките Аспазија Софијанова, актуелната директорка на детска клиника наводно се помирила со тоа што ќе биде разрешена, но затоа пак очекувала дека ќе остане во тимот за трансплантација, веројатно на местото координатор иако веќе се знае кој ќе раководи со овој тим. Уште неколку директори кои сакаат да си ги задржат местата деновиве се растрчани по сопствена промоција за да покажат дека ги заслужуваат функциите, а има и такви кои лобираат за себе кај надлежните. Сето ова предизвикува потсмев кај вработените на скопските клиники.

Од Министерството за здравство не ги потврдуваат овие информации и велат дека ништо не е сигурно, дека работите од час во час се менуваат. Сепак, дел  од лекарите, особено професорите, негодуваат на досегашните смени за кои сметаат дека се исклучиво партиски, а не како што најави министерот Таравари според стручност и професионалност. Партиски извори за НОВА, пак велат “каде биле истите тие лекари во изминатите 10 години кога не го кренале својот глас и послушно работеле“. 

Како и да е, кои и да се калкулациите, едно е сигурно. Времето одминува, а со него и 100 дена во кои беа најавени првите промени во здравството. Прашање е, како тие ќе се реализираат во вакви услови кога бавно се одвиваат зацртаните цели и нема соработка помеѓу ДУИ и Алијансата на Албанците. Она што е исто така чудно е што се уште нема нов директор на Фондот за здравствено осигурување кој треба да го именува Владата.

 

. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.