Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се направени 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 29, во Битола – 20, во Прилеп, во Велес, во Гостивар и во Охрид – по пет, во Тетово – два, во Куманово, во Кавадарци, во Струмица, во Кочани, во Струга и во Гевгелија – по еден.
Од вкупниот број на позитивни (77), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од Скопје – 40, од Битола – 27, од Берово – шест, од Прилеп – пет, од Струмица – четири, од Кавадарци и од Велес – по три, од Куманово, од Тетово, од Охрид и од Кичево по два, од Гостивар, од Штип, од Ресен, од Виница и од Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.