Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема симнување меѓу граѓаните, бидејки граѓани- нема!

0
By Zoran Ivanov on November 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четврто, граѓаните сакаат да бидат заебавани затоа што мислат дека сериозноста не е опција за нив, дека додека тие биле сериозни, морални и одговорни, комшијата од вмро купил сто стана и три брода, односно се надеваат дека во светот на заебанциите може нешто и да добијат додека од напуштениот свет на сериозноста нема што да загубат.

Бранко Тричковски

Ме фаќа тешка мака кога ќе чујам дека партијата треба да се спушти меѓу граѓаните, да ги чуе нивните желби, забелешки и интереси.

Тоа е мантра на сите партии.

Причина за порзите секогаш е тоа што партијата не била доволно на нивото на граѓаните, а победите се резултат на тоа што партијата се претворила во центар на остварување на желбите на граѓаните.

Притоа, партиите не се само спуштаат на нивото на граѓаните, туку го обликуваат тоа ниво со пакети лаги, митови, ресентимани, прикаски за мали деца, по некој сендвич или пиво итн. итн.

Првиот проблем кој се јавува во пристапот за приближување до граѓаните е фактот дека граѓани, всушност, нема.

Или постојат како ретки животни пред исчезнување.

Без заштита.

Обратно, тие се загрозени од тие што се спуштаат меѓу нив зашто целта на вторите е да ги избркаат загрозените од нивните природни станишта.

Тоа не значи дека треба да ги убиваат или физички да ги бркаат, не, загрозените не се во состојба да ги слушаат овие што дошле да ги прашаат што им треба или ако се случи некоја реченица да им влезе во ушите инстантно полудуваат или се затвораат во цилиндерот на машините за веш.

Втор проблем е тоа што масата на неграѓани и “квалитетот” на нивните когнитивни и сензитивни инструменти, секој божји ден се збогатува или во правец на зголемена агресија (омраза) или во правец на тешка резигнација, депресија, убиствена меланхолија и сл.

Еве го и третиот проблем:

Кој, на пример, може да биде подобар од вмро-дпмне во слушањето, разбирањето и заебавањето на граѓаните?

Кој?

Вмро-дпмне е легален претставник на лажен историски, идеен и политички субјект. Што значи дека и самиот е лажен и покрај легалниот статус. Кој може на граѓаните да им понуди такви грандиозни срања и да ги натера да поверуваат дека патриотите им даваат мафини.

Дури и ако некој е спремен да смисли уште поголема заебанција, да речеме, дека е време Македонците да се вратат на својата рајска планета од каде дошле за да ги облагородат Бугарите и луѓето воопшто, значи на местото рајско кај што птиците пеат, нема болести, маки, напори, само уживанција, граѓаните ќе ги исшутираат сите кои не се вморонски аквизитери на таа приказна.

Четврто, граѓаните сакаат да бидат заебавани затоа што мислат дека сериозноста не е опција за нив, дека додека тие биле сериозни, морални и одговорни, комшијата од вмро купил сто стана и три брода, односно се надеваат дека во светот на заебанциите може нешто и да добијат додека од напуштениот свет на сериозноста нема што да загубат.

За таа работа треба да ја погодиш фрекфенцијата на Народното радио, а тоа го можат само чипираните идиоти на вмро.

Луѓето се оглупавени. Толкувањето, пак, на умот на глупиот човек не се исплатува. Владеењето на Глупоста, во нашиот случај на вмро, се однесува спрема нападите на интелектот како црна дупка: просто ги вшмукува.

Залудни се сите обиди да се заебат.

Ако не доаѓаат од нивниот свет.

Било партиски било општествен.

Петто, слушам дека фаќаат почви доктрините за скокот во традицијата, конзервативноста, минатото, фамилијата итн. демек против “смртоносниот” прогрес.

Сексуалната ориентација ќе ти ја одреди власта, жената е да раѓа деца, а не да мрда со задникот во Извршниот одбор на некоја компанија, недела в за црква, пост-задолжително, абортус-никако.

Итн.

Луѓето што се вака препарирани или издресирани можеби можеле да бидат граѓани во времето на Дикенс, но денеска се заостанати типови, нижи суштества од богатата гама на еволуцијата.

Од целата таа каша што вмро ја замеша, комитите вадат нови човеци кои не се баш човеци, но го имаат стисокот на палецот на авторот како палецот на грнчарот врз бардакот.

Според тоа, не средба со гаѓаните и бележење на нивните желби, туку создавање на граѓани.

Тешка работа!

Од биомасата што ја подготви вмро од живи луѓе да се направат нови човеци од кои некои повторно ќе сакаат да се декларираат како Македонци.

Тоа е односно треба да биде цел на широка културна акција, не партиска, односно не само партиска.

На културата, уметноста, естрадата, медиумите за кои мора да се најде начин да се ослободат и да се конституираат како медиуми.

Да престанат да бидат катапулти за говната на власта и за реклама на власта.

Сето тоа нема да се случи дури не удриме со главите во ѕидот на Историјата.

Која премногу не трпи.

Пред некој ден го цитирав Хамилтон Нолан: Пушти го системот без човечки вредности доволно долго да работи и луѓето на крајот само ќе посакаат да се смеат додека тој гори. Ни преостанува само да градиме нешто откако димот ќе се раздува.

Јас мислам дека во Нордот нема многу да чекаме.

Но пред тоа тешко може да се стори нешто.

Злото на вмро е немерливо.

Цената мора да се плати.

Жестоко.

Тоа мора да биде јасно.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.