Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немам пендрек, значи не постојам

0
By Биљана Секуловска on September 5, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фросина Цекова, девојката која на 20 години пред неколку месеци загина на Партизанска, никој не ја знае. Освен, се разбира, нејзините најблиски кои се очајни за загубата, и сега дополнително заради фактот што досега никој не одговара за убиството (од небрежност), откако со огромна брзина на неа налетал aвтомобил “Хонда”.

Но, велам, Фросина Цекова е навистина непозната за јавноста, што подоцна ќе се покаже дека автоматски значи и неважна, заборавена од државата и воопшто, од сите во неа, еднакво како што е се нејзините родители. Тие се тотални анонимуси, најосамените луѓе на Планетава, кои однапред можеме да ги прогласиме за изгубени души, кои го одбрале најтешкиот и познат пат- да ја бараат правдата, каква иронија. Тие можат само да ја добијат сета неправда на овој свет.

Затоа што небитните во оваа земја (небитни, во смисла што имаат име и презиме кое никому ништо не значи) подразбира дека се луѓе скршени луѓе од болка за најмилите, за подоцна да дојдат сите последици на небитноста: да бидат уништени од неправдите, некои од немаштијата, од немањето право на живот.

Знаете, сите Тамари, Фросини и уште којзнае колку илјадници во оваа држава, сите изгубени деца (веројатно некои од вас ќе замавнат со раката и ќе речат нечии, значи ничии) вклучувајќи ги и нивните родители се никој и ништо, непостоечки, за нив никој ништо не знае, не сонува, не се бори, не се надева, затоа што не заслужуваат, така барем одат работите во оваа земја.

Но, она што дополнително може да се смета како поразително е сосема нешто друго.

Најважно за нивната тотална небитност е што од овие луѓе никој никогаш не се плашел. Никој не стравувал дека заради нив ќе им умрат децата, дека ќе загинат во случајна сообраќајка, дека ќе ја изгубат фамилијата, работата, куќата, дека ќе ги снема, затоа што и ги немало.

Овие деца и нивните родители никогаш не отворале оф-шор компании во Белизе.

Не договарале веќе отворање на веќе пломбирани кутии и кеси на изборни материјали.

Не се одмаздувале, не планирале изживување во затвор на Љубе Бошковски.

Не криеле убиство на Мартин Нешковски.

Не ја игнорирале истрагата за Никола Младенов.

Не се смееле на рушењето на Космос и како на Фијат Цановски му тече низ ногавици.

Не ги пратиле во затвор Велија Рамковски и неговото дете затоа што само така посакале.

Не праќале никого во ендек.

Не се шетале со часови со комбе за да разгледуваат плацеви на Водно.

Не земале провизии од израелски компании, не знаат ниту за една кинеска компанија која би можела да им ги разубави приватните сметки.

Не подбуцнувале и посакувале меѓуетнички конфликти, не праќале полиција во Куманово за да гине, не знаат ни што навистина се случило со младите македонски деца кои беа убиени на Велигден и навистина ли албанските деца се виновници за масакрот во овој случај “Монструм”.

Велите немале моќ, немале ниту еден пендрек, ниту пак имале телефонски отсечен, студен глас за да наредат егзекуција, ништо од ова не им било достапно, за да бидат дел од овие монструозни дела. Не, сепак не. Не, затоа што овие луѓе ништо од овие злосторства не сакале да направат. Единствената смисла и право да живеат во оваа земја им е одземено- нивното дете да биде живо.

Но, прашувате- вреди ли да се биде жив, да се биде дел од нечовештвото кое го создадоа
овие од погорниот дел од текстот, низ годините сметани за најважните луѓе во оваа земја, кои со години сееја страв, продуцираа покорни соучесници на теророт, но и во исто време таложеа бес и гнев?

Тешко дека вреди воопшто. Но, можеби и за момент вреди, ако видиме дека одговараат сите оние кои направиле злодела. Тогаш ќе знаеме дека Фросина, Тамара и сите тие илјадници деца кои се наша загуба, се навистина некои. Нашите најважни деца.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.