Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Немаме индикации за влошување на безбедноста во земјата, вели министерот Спасовски

0
By Sashko on September 22, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не располагаме со индикации за влошување на безбедноста во моментов. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина. Нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Научно-стручната дебата на тема „Јавната и приватна безбедност, преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани“, што се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје, министерот Спасовски рече дека членството во НАТО практично ни гарантира безбедност.

„Значењето на тоа членство во НАТО можеме да го увидиме сега, во моменти кога имаме еден ваков сериозен конфликт. Така што сите случувања на тој план треба да нè држат будни, како безбедносни служби, инаку овде немаме индикации за нарушување и во однос на мигрантите ние немаме практично зголемување на бројот на илегалните обиди во споредба со истиот период од минатата година“, рече тој.

Спасовски дополни дека имаме намалување на бројот на илегални мигранти, но состојбата околу мигрантската криза се следи постојано и врз основа на параметрите соодветно се реагира. Одговарајќи на новинарско прашање дали знае кога ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, тој одговори дека очекува тоа да се случи следниот месец.

„Јас очекувам можеби следниот месец. Дека ќе се завршат сите формални постапки во рамките на Европската Унија и ќе можеме да го потпишеме, секако дека тоа ќе биде прв договор на ниво ЕУ – Северна Македонија, кој што ќе биде потпишан некаде кон крајот на октомври“, рече министерот Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.