НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ненси Пелоси потврди дека е на пат за Азија, но не спомена посета на Тајван

0
By Sashko on July 31, 2022 СВЕТ
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска потврди дека е на пат за Азија, без да спомене можна посета на Тајван, што може дополнително да ги заостри односите меѓу Кина и САД.
„Водам делегација на Конгресот во регионот на Индопацификот за да ја потврдам непоколебливата посветеност на Америка кон сојузниците и пријателите во регионот“, вели Пелоси во соопштението.
„Во Сингапур, во Малезија, во Јужна Кореја и во Јапонија, ќе имаме состаноци на високо ниво за да разговараме за тоа како можеме да ги промовираме нашите заеднички вредности и интереси, поврзани со мирот и безбедноста, економскиот раст и трговијата, пандемијата со ковид-19, климатска криза, човековите права и демократското владеење“, додаде Пелоси.
Министерството за надворешни работи на Сингапур потврди дека Пелоси и нејзината придружна делегација ќе бидат во градот-држава на 1 и 2 август.
Таа не кажа ништо за можна посета на Тајван, наведувајќи безбедносни причини.

Тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат со недели по извештаите дека таа би можела да го посети автономниот остров што Кина го смета за дел од својата територија.

Како што беше наведено, Пекинг би ја сметал нејзината посета, колку и да е кратка, како провокација.

Портпаролот на кинеската војска, Шен Џинке денеска го повтори тој став и рече дека одбраната на кинеската територија е „света мисија“ на војската.

Во четвртокот, во телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Џо Бајден даде уверување дека ставот на САД за Тајван не е променет, но, исто така, рече дека неговата земја цврсто се противи на унилатералните напори за промена на статусот или загрозување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

Вашингтон нема дипломатски односи со Тајпеј и ги признава комунистичките власти во Пекинг како единствени претставници на Кина, но САД продаваат оружје на островот и ги фалат неговите „демократски власти“.

Од друга страна, Си Џинпинг му порача на Бајден да не си „игра со оган“, а портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи го нарече одењето на Пелоси во Тајван како „црвена линија“.

Посетата на Ненси Пелоси доаѓа во период кога воените тензии растат во регионот.

Војската на Тајван оваа недела ги спроведе своите најголеми годишни воени вежби, кои вклучуваат симулирање на пресретнување кинески напади од морето.

Во исто време, американскиот носач на авиони „Роналд Реган“ и неговата флота го напуштија Сингапур и се упатија кон Јужното Кинеско Море како дел од претходно планирана операција.

Кина вчера организираше воена вежба со боева муниција во Тајванскиот теснец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.