НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неонацисти или херои – украинскиот полк „Азов“ во центар на пропагандната војна меѓу Москва и Киев

0
By Sashko on March 28, 2022 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едни ги нарекуваат воени херои, други неонацисти, но, како и да е, украинскиот полк „Азов“ се наоѓа во центар на пропагандната војна меѓу Киев и Москва која тврди оти настојува да ја „денацифицира“ Украина.

Единицата за специјални операции „Азов“, порано позната како „Азовски баталјон“, сега како „Полк Азов“, е честа тема во проруските објави на социјалните мрежи, вклучително и руските амбасади во Лондон, во Париз и на други места.

Полкот моментно е утврден во јужниот пристаништен град Мариупол и се бори за градот кој сведочеше за некои од најтешките облици за војување од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Рускиот министер за одрбана, Сергеј Шојгу го искористи нивното присуство за оправдување на ракетирањето на тамошното породилиште, тврдејќи дека полкот и „останати радикали“ се криеле во објектот.

Полкот во 2014 година го формираа екстремни десничари, а негово прво борбено делување беше против проруските сепаратисти во источна Украина. Во меѓувреме е интегриран во украинската национална гарда која е под команда на Министерството за внатрешни работи.

Андриј Билецки, поранешен член на паравоената организација „Украински родољуб“, е еден од основачите на полкот. Во почетокот се состоеше воглавно од доброволци кои носеа обележје налик на т.н. „Волфсангел“ кој потсетува на симболите на СС единиците во нацистичка Германија.

„Оваа единица во 2014 година навистина имаше крајно десничарска позадина и ја основаа екстремно десни расисти“, вели Андреас Умланд од Центарот за источноевропски студии во Стокхолм.

„Но, во меѓувреме се „деидеологизира“ и стана регуларна борбена единица. Сега не регрутира борци врз основа на идеологија, туку врз основа на „угледот на посебно лоша борбена единица“, додава тој.

Полкот, е наречен по Азовското Море кое се наоѓа меѓу Украина и Русија, се прослави во 2014 година кога го врати Мариупол под украинска контрола, откако градот беше заземен од проруските сепаратисти.

Осум години подоцна повторно се бори за истиот град за кој рускиот претседател Владимир Путин се надева дека ќе биде прва поголема руска победа во Украина.

Победата над таа единица, исто така, би можела да му помогне во оправдување на тврдењата за „денацификација“ кои се сеприсутни во руската пропаганда која украинскиот лидер Володимир Зеленски го нарекува „водач на банда на наркомани и неонацисти“.

Со таквите напади се обидува да ја зголеми поддршка меѓу руските граѓани за војната во Украина и се злоупотребува колективната меморија за периодот од Втората светска војна.

„Термините „нацизам“ и „фашизам“ во руски контекст се однесуваат на апсолутно зло со кое не може да се преговара“, истакнува Сергеј Федијуњин, политилог од Францускиот национален институт за ориентални јазици и цивилизации.

„Единствена опција која преостанува е да се борите против него“, додава Федијуњин.

Руската пропаганда е, исто така, насочена кон украинските националисти кои по 1945 година се бореа против Советскиот сојуз и нивниот водач Степан Бандера, нацистички колаборатор.

Азовскиот пол, во меѓувреме, се придружи на пропагандната војна и објавува победнички пораки на „Телеграм“ кои често се проследени со снимки од запалени руски тенкови додека Русите во нив се нарекуваат „вистински фашисти“.

Единицата брои меѓу 2.000 и 3.000 припадници, ги задржа ознаките на „Волфсангел“, но Умланд вели дека тоа во Украина повеќе не се поврзува со минатото.

„Повеќе нема конотација на фашистички симбол“, вели Умланд.

„Ултранационалистичките политички сили во Украина бележат пад од 2014 година“, вели Ана Колин Лебедев од францускиот универзитет „Париз Нантер“.

„Една од причините е дека „мекиот“ национализам стана „мејнстрим“ поради руските напади“, напишаа таа на Твитер.

Поранешните команданти на Азов, вклучително и Билецки, влегоа во политиката по 2014 година, но нивната екстремно десна платформа никогаш не успеа да постигне значителен успех. Исто така, дел од нив повторно отидоа да војуваат во Азовскиот полк или во други единици од почетокот на руската инвазија. Билецки, пак, се врати во Мариупол од каде е активен на „Телеграм“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.