Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неполитички избори

0
By Zoran Ivanov on May 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никица Корубин

Инсистирањето на проблематизирањето на Преспанскиот договор, преку прекршување на уставот во автодеструктивен “инат стил” – “ќе правиме што сакаме”; освен што доаѓа од страна на новата власт, доаѓа и од кругот на заспаната левица, кои се’ повеќе ја “предизвикуваат” власта: раскинете го ако можете. А, не можат.

Дали тоа значи дека помина времето на глумење про-ЕУ, кое лесно беше од позиција на власт, ама тешко од опозиција, и враќање на фабричките поставки: по прашањето на одржувањето на статус-кво ситуацијата на “заробеното општество”, суштинска разлика никогаш и немало.

Оттаму сите експресно се префрлија, на детална вивисекција на Преспанскиот договор, член по член и став по став; после шест години намерно игнорирање и криење, наместо доследно информирање на јавноста; за да може сега “итарпејовско експертски”, екслузивно да го “толкуваат”, преку класични манипулации, на неинформираните граѓани. Кои тие самите свесно ги држеа на тоа ниво. Но, зошто наместо анализа на завршена работа, нема анализа на тековна: изборите.

Кои доколку се анализираа, во комбинација со единственото опсежно истражување на јавното мислење, на ИРИ за земјите од Западен Балкан, кое речиси целосно нашата “јавност” го прескокна, за разлика од сите останати безброј наменски “анкети”, ќе се видеа многу интересни нешта. На пример, зошто повеќе нема интерес за рејтингот на политичарите?

Па, да објасни некој “експерт” како со 2% доверба се станува претседател на државата, или со 14% доверба се добиваат 58 пратеници? Тоа не ги прави изборите на никој начин нелегални и нелегитимни, напротив, туку ги прави изворно и суштински неполитички, и тоа во самата суштина на практикување на политиката: парламентарната демократија.

Затоа што никако во “заробено општество” и хибридна демократија, со активна партократија како ефективна власт наместо владата и парламентот, не можеме да зборуваме за политика, преку избори. Избори имаше, ама политика немаше, како суштинско занимавање и ангажман со функционирањето на општеството и државата, и од страна на политичките актери и од страна на граѓаните. Кои се јавија како конзументи на она што беше дозволено да се “сервира” на контролираната и затворена мимикрија на политичката сцена.

Истото истражување на ИРИ, кое опфаќа широк дијапазон на теми, на прашањето “колку граѓаните се заинтересирани за политички вести и информации”, се добива одговор на 54% незаинтересираност. А, доколку и сакаат да добијат некоја информација, информацијата ја добиваат од телевизиите и тоа 54%. Што ни’ кажува овој фрапантен податок?

Прво, ако толку голем процент на граѓаните се незаинтересирани за политички информации, од различни причини, врз основа на што го градат својот став за сите останати политички теми, кои се предмет на ова истражување (од земји пријатели, до земји непријатели, преку став за геополитика и домашна политика)? Па, се разбира од нашата “јавност” (и нејзината силна платформа – телевизиите), кои преку сите квази-информации, дезинформации и манипулации, го обликуваат и насочуваат мислењето на граѓаните во отворена хибридна пропаганда.

И токму затоа нема никаква длабинска и суштинска анализа на изборите. Па, белким “јавноста” не ќе се анализира самата себе си’. Затоа што ако имаше, само површна анализа, ќе се видеше целиот апсурд на тврдењата дека стратешкиот Преспански договор или Договорот со Бугарија, “многу ја чинело СДСМ”, кога оттогаш поминаа два циклуса на избори (претседателски 2019 и парламентарни 2020), без било какво “чинење” на оваа класична и наменска манипулација.

А, можеби ќе се отвореше и прашањето на “прелевањето на гласови”, идеолошки спротивставени, во намерно споените избори, и партиско/партократско/клановскиот “инжињеринг”; па досегашната власт и не мора толку агресивно да тагува, кога ефикасно избра претседател и сигурна позиција, која ете велат била со различна идеолошка матрица. Или само името беше различно?

А, граѓаните? На граѓаните после 33 години, претрпена “заробена држава”, преку сите (не)замисливи механизми на затворање на општеството за сите, освен за подобните; освен што треба да им се овозможи сериозна рехабилитација на здравиот разум во форма на евроинтеграции за функционално општество; треба да им се оддаде и почит, за високата свест за тоа што е интерес колективно за државата и индивидуално за секој од нас.

Три децении изложени на квази-патриотозам, лажно-европејство, со сите наметнати фобии и стравови, и клановски преференци, 68% проценти, велат иднината е во ЕУ.

Можеби нашата партократија бега од политиката, ама политиката ги стига сите, речиси како судбина. А, таа политиката ќе го определи и текот на настаните. Со наше или без наше знаење. А, знаењето видовме, каде не се наоѓа.

(Преземено од ФБ ѕидот на авторката)

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.