Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладини организации бараат вклучување на „благосостојбата на животните“ во новата земјоделска визија на ЕУ

0
By Marija Todorovska on July 29, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците при нејзиниот реизбор најави дека во првите сто дена од мандатот на идното извршно тело на ЕУ ќе промовира нова „Визија за земјоделството и храната“, 20-тина невладини организации испратија писмо до неа во кое бараат во новата земјоделска стратегија да биде вклучена и обврската за подобри услови за животните.

Според Олга Кику, директорка на бриселскиот тинк-тенк Европски институт за право и политика за животните, Фон дер Лајен во својот говор  за нејзините политички насоки пред Европскиот парламент не споменала воведување правно обврзувачка забрана за држење на живината во кафези и за спроведување пошироката ревизија на законодавството за „благосостојба на животните“.

Грчката еколошка активистка Кику нагласи дека иако ЕК уште во 2020 година најавила „голема ревизија на законодавството за благосостојба на животните“, до декември 2023 година предложила само два закони од оваа сфера – за транспорт на животните и за условите за чување на домашните миленици, за потоа при крајот на нејзиниот мандат да соопшти дека промената на законската регулатива поврзана со „благосостојбата на животните“ ќе ја препушти на следната Еврокомисија.

Полска пријави дека на неколку фарми во земјата регистрирани се жаришта на птичји грип Х5Н1

– Претседателката се уште има можност да ги вклучи барањата на огромното мнозинство Европејци и да ја врати на дневен ред ревизијата на законодавството за благосостојба на животните, со тоа што ќе го вклучи во најавената нова Визија за земјоделството и храната, смета  Кику.

Во писмото на 20-тината невладини организации упатено до Европската комисија, меѓу другото, се инсистира на построга примена на законската Регулатива за транспорт на живи животни. Тие тврдат дека на телиња при транспорт од Ирска во Франција не им се дава храна додека се наоѓаат на траектите, што, според здруженијата, е спротивно на регулативата на ЕУ.

Ваквата пракса ја потврди и самата Еврокомисија во извештај од декември минатата година, со кој беше побарано од ирските власти во рок од 25 работни дена по приемот на извештајот да подготват детални информации за преземените мерки за усогласување со одредбите од Регулативата за транспорт на живи животни на ЕУ.

Но, според потписниците на писмото, досега овие информации не се обезбедени, па ја повикуваат Еврокомисијата да преземе ефикасни мерки за да го запре ваквиот транспорт.

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болес

Активисти на организацијата „Крај на кафезите“ во март годинава иницираа судска постапка против Европската комисија, затоа што, според нив, таа не го исполнила ветувањето дека ќе работи на постепено укинување на кафезите на живинарските фарми.

Здружението „Европа ослободена од крзно“ во 2023 година собра над 1,5 милиони потписи на граѓани на ЕУ за нивната иницијатива за воведување законска забрана за производи од животинско крзно во текот на следниот мандат на Европската комисија.

Минатата недела, пак, Еврокомисијата на барање на организацијата „Стоп за суровоста, стоп за колењето“ одбори отпочнување на постапка за собирање потписи за „европска граѓанска иницијатива“ за промена на правилата со што ќе се намали максималниот број на животни што може да бидат чувани на една фарма и отпочнување на постапка за нивно етапно затворање, како и поттикнување на консумирањето протеини од алтернативни извори, како млеко, супститути на јајца од растително потекло и месо добиено од клетки во лабораториски услови.

„Европската граѓанска иницијатива“ механизам воведен со Лисабонскиот договор од 2007 година насочен кон зголемување на директната демократија со тоа што ќе им се овозможи на „граѓаните директно да учествуваат во креирањето на политиките на ЕУ“. Согласно овој механизам најмалку еден милион граѓани на ЕУ од најмалку седум земји членки со потписи на петиција можат да побараат од Европската комисија да предложи директива или регулатива за некое прашање, кое е во надлежност или овластување на Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.