Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладиниот сектор поделен околу францускиот предлог

0
By Mirjana on July 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во целата дебата про и контра францускиот предлог како преговарачка рамка со ЕУ, ретко која од невладините организации или од граѓанскиот сектор излезе со своја позиција што би и олеснило и на Владата при носењето на одлуката за ова клучно прашање за иднината на државата. Од „Илинденска“ најавија дека во широката дебата со јавноста ќе биде консултиран и граѓанскиот односно НВО секторот, но ако се суди според нашето искуство, тогаш таа консултација не би им била од голема корист, затоа што на повеќето адреси каде што се обративме тие или се на одмор па нема кој да артикулира став, или не се од таа провиниенција за да можат да се изјаснат, или се НВО каде ставовите се градат поединечно а не колективно.

Но овде се разбира ќе ги предочиме оние кои сепак најдоа време да го кажат своето мислење бидејќи како граѓански организации и тоа како е потребно да  имаат гласност, особено во вакви меѓународни констелации во светот и во ваков предизвик пред кој е исправена државата и кога со ЕУ сме на точката земи или остави.

Зелен Хуман Град за ова прашање застана зад повикот од петицијата на Институтот за европска политика и на Институтот за демократија. Во одговор на нашето прашање за ставот околу францускиот предлог Драгана Велковска ни изјави:

„Под ниеден услов не смее да се држат во тајност преговори и да се договараат деликатни решенија далеку од очите на јавноста. Се соочуваме со дипломатско насилство од Европската унија која со двојни аршини пристапува кон различни земји со ист кандидатски статус. Наводно европските вредности значат славење и прифаќање на различностите. Она што веќе со децении го гледаме кон Македонија е безобразно тактизирање што кулминираше со брутални и примитивни обиди за обезличување на еден народ чие што постоење и право на самоопределување во ниедно прогресивно и правично општество не би било вака срамно оспорувано. Не смее да се донесе никаква одлука без да биде усогласена меѓу (и прифатена од) мнозинството“, вели Драгана Велковска од Зелен хуман град.

Од Иницијативата О2 рекоа немале став. Татјана Чакулев, ни изјави:

„Секој поединечно го изразува ставот. Нашите членови се активни и во други неформални здруженија кои имаат поширок спектар на делување  и преку нив заземаат став“, ни одговори Чакулев.

Од Хелсиншки комитет ни одговорија, дека не се во состојба да ни дадат изјава бидејќи челните луѓе се на годишен одмор.Ист одговор добивме и од извршната директорка на коалицијата „Маргини“ Ирена Цветковиќ. Не добивме одговор ниту од Фондацијата Отворено Општество ниту од Шанса за Центар. Од  „Субверзивен фронт“, Давид Тасевски ни најави став па отстапи.

Институтот за демократија и Институтот за европски политики излегоа деновиве со своите гледања на целокупната атмосфера  во општеството, по обелоденувањето на францускиот предлог.

Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија смета дека преговорите со ЕУ не треба да почнат по секоја цена.

„Мораме да разговараме за конкретни политики или решенија кои се нарекуваат црвени линии и да видиме до каде е подготвена Северна Македонија да оди во овој исклучително важен процес и усогласување на преговарачката рамка со ЕУ. Треба да се обидеме да ја задржиме довербата, за да не ни се случи иднина во која нашето општество ќе живее во агонија, популизам, меѓуетнички и интра етнички тензии. Таков преговарачки процес на земјата не и треба. Повикување спорот да се реши билатерално е нешто што е апсолутно неприфатливо, тоа е ставање на работите под тепих. Потребен ни е легитимитет на процесот, широка политичка и граѓанска поддршка. Самата ЕУ е во процесот на трансформација, се качуваме во возило кое што нема возач, не знаеме кон каква Унија се стремиме да станеме дел“, рече Трошановски повикувајќи ја повика Владата да не молчи на оваа тема.

Директорката  на  Институтот за  Европски  политики, Симонида Кацарска смета дека ни треба механизам кој ќе спречи отворање дополнителни прашања во процесот. 

„Од францускиот предлог во моментов може да заклучиме дека дел од решенијата се премногу застапени во пристапниот процес. Нам ни е потребен механизам со кој ќе превенираме отворање на нови прашања, а не документ кој ќе биде искористен како аргумент за отворање дополнителни барања. Но, не смееме да престанеме да разговараме со Бугарија, тие ни се сосед. Решението мора да има широка поддршка во македонското општество, а и во бугарското“, изјави таа.

Директорката на Институтот за општествени хуманистички науки, Катерина Колозова е на мислење дека од клучна улога е градењето доверба и тоа на лична основа.

„Нашите препораки сe да нема историска комисија, да се премести се на решение кое што политички ќе биде прилично неоптоварено односно неутрално. Проблемот е проблем на културен конфликт, ние немаме проблем на апстрактна академска дискусија. Сите знаеме дека таа историја ја афектира нашата перцепција за идентитет, а таа перцепција е културна категорија“, смета Колозова.

Откако излезе со оценка за улогата на јавниот сектор во креирањето на јавното мислење , околу францускиот предлог, во која изрази негодување кон острите настапи, премиерот Димитар Ковачевски вчера ја потенцираше улогата на граѓанскиот сектор во тековните процеси. 
„Граѓанските организации сметам дека се клучни чинители во општеството. Како Влада не отстапуваме од заложбите да ја зајакнеме улогата на граѓанскиот сектор, да промовираме партиципативност, но и реални механизми за директно учество на граѓанските организации во сите важни процеси. Во повеќе наврати досега ја обезбедуваме и гарантираме нивната вклученост во креирањето на политиките, но и одлуките кои ги носиме. Во граѓанските организации исто така гледам партнер со кој заеднички и успешно ќе се справиме со сите дезинформации кои ни се препрека во процесот на европските интеграции и аспирации. Ова прашање е исклучително важно, особено во дадениот контекст, и затоа апелирам да бидеме агилни во креирањето отпорност кон очигледните интереси на трети страни кои едноставно не сакаат да видат прогрес во оваа држава. Ова е особено видливо преку лажните вести, шпекулции и манипулации на кои сме сведоци во изминатиот период. напиша Ковачевски на социјалните мрежи.
( М.Т.)

 

 

 

 

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПОДЕЛЕНИ ОКОЛУ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.