Тетово: Пожарникарите интервенирале во извлекување на комби возило во кое имало 11 патници, а кое било заглавено во подвозник на патот што води кон селото Сиричино. Во извлекувањето на возилото со јаже интервенирале четворица пожарникари со едно возило.
Интензивниот повеќечасовен дожд предизвикал поплавување и на коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“ околу последниот кружен тек кај тетовската касарна. Во овој дел од страна на полицијата возилата се пренасочуваат да одат по други улици.
Командирот на тетовската противпожарна единица Авни Амети вели дека имаат интервенции по неколку повици во Мала и Голема Речица, каде се испумува вода од куќи и нивните дворови и подруми.