Струмица и струмичко вечерва околу 19:30 часот беа погодени од невреме, проследени со силни грмотевици и обилен дожд што предизвика поплави низ улиците. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица добила барање за интервенција во Муртино, каде гром удрил во една од куќите, пришто се запалила кровната конструкција.
Од ТППЕ Струмица информираат дека интервенирале со едно противпожарно возило и пет пожарникари кои го изгаснале огнот и соопштија дека притоа немало повредени или ранети.
„Досега добивме барања и за три интервенции за испумпување на вода од поплавени дворови и подруми. Засега нема други јавувања од граѓани“, изјави Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.