НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независниот синдикат за професионални војници отстапи од штрајкот, Министерството за одбрана ја поздрави одлуката

0
By Sashko on May 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за одбрана (МО) ја поздрави одлуката на Независниот синдикат на професионални војници на Македонија (НСПВМ) да се повлече од штрајкот најавен за денеска, откако министерката за одбрана Славјанка Петровска и сите четири синдикати во одбраната, меѓу кои и НСПВМ, вчера постигнаа согласност за дополнителни измени на Законот во прилог на војниците, соопштија од МО.

„Новите измени за кои вчера ја известивме јавноста предвидуваат предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата  во висина од 80 проценти во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж“, се појаснува во соопштението.

Во однос на отпремнината, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, новиот предлог, согласно барањето на Синдикатите, е износот да биде две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

До предлагање на измените на Законот, на барање на Синдикатите, МО се обврза да ја провери можноста за земање на отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години, кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може да важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции.

Министерката Петровска нагласила дека во рамки на реформата на Системот за управување со кризи и за Законот за критична инфраструктура, ќе ја разгледа можноста професионалните војници со навршени 45 години да бидат преземени од тие институции доколку во системските решенија се отвори таква можност.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата, кој година и пол беше блокиран од опозицијата, потсетуваат од МО, беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес на Министерството, Генералштабот и на синдикатите на одбраната.

Истовремено, министерката Петровска презеде обврска да разговара со колегите на владината седница во среда, со цел да се надминат предизвиците околу трансферот на професионалните војници во другите институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.