Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ние трева не пасеме!

0
By Сашка Цветковска on February 19, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пиеме токсично млеко. Кравите низ регионот јаделе лоша пченка. А за нашиве крави не знаеме што јадат. Оти нема кој да провери. Сето тоа одело на барање, така обично ни велат од институциите нам новинарите. Некој требало да побара.

Стандардот за земјата му налага на секој жив Македонец дека ако не знае што да прави со ѓубрето, а не живее на 7 спрат за да го фрли, може да почне да ја освојува најблиската неупотреблива државна земја и во неа да го негува својот ѓубретарски бастион за себе и цело село се додека државата не реши да го додели некому под концесија.

Живееме покрај депонии. Покрај депониите садиме пиперки, домати. Тоа се оние славните македонски производи какви што на светот и векот нема. По улица фрламе отров. За високи цели ем дострели, нормално – труеме кучиња скитници. Кучињата од отровот умираат во најстрашни маки, им се распаѓа утробата, крварат и мртви се за неколку минути. Баш ни е гајле за фактот дека може да си ги убиеме и сопствените деца (човек може да умре од вдишување).

Со истиот отров – пестицид си ги прскаме овошките, зеленчуците. Отровот, пак, е целосно забранет во земјите на Европската унија зошто е опасен по здравјето на човекот и зошто понира во почвата и трајно ја загадува. Арно ама, во напредна Македонија секој што има нива и секој што сака да утепа куче може да си го купи во аптека.

Стандардот за водите, пак, вели дека во недостаток на пластични шишиња секој што не знае што да прави со својот стар кауч или шпорет може да го пушти да плови во Вардар. Нема врска што потоа некој ќе си го навади нивчето со водата од Вардар. Или водата од било која река во која цели села прават пловечки депонии.

Некои пак, се уште бараат да им се изгради водовод во 21 век. Си копаат бунари и си пијат од водата која проаѓа низ почвата претходно фино надополнета со ваков или онаков отров, метал.

Стандардот на воздухот на сите ни е познат. Скопје е најзагадениот град во Европа. Имаме фабрики среде град, ама баш и не знаеме колку не трујат, оти надлежните ни викаат дека се е под контрола. Имаме и мерни станици (добар дел странски донации), ама баш и не знаеме кога мерат кога не мерат, кога работат, кога не работат. Не воздухот, умот нема кој да ни ги измери.

Нам ни е сеедно. Сеедно ни е што народниот правобранител информира дека правата на потрошувачите се кршат на секој чекор. Знае ли некој овде дека правата на потрошувачот се основни човекови права? Дека правото на пристап до вода е основно човеково право, исто како правото на здрав живот?

Ние си имаме политичари кои не убедуваат дека реформите врват ли врват, се иде напред, па и понапред од што треба. Ама во реалноста тие памфлетски говорчиња и божемни успеси немаат никаква вредност. Реалноста и денес е иста како вчера. Некој таму ги прска најубавите домати на целиот свет со најотровниот пестицид дури комшијата си ја пасе кравата. Друг си чади и кова железо во фабриката на два километри од центарот на градот.

Трети чекаат да се поправи апаратот на клиника за да можат да направат рендген снимки.
Има ли вредност животот во земјата во која задоволството се мери во килограми бронза и бетон за јарбол од вакво или онакво знаме?!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.