Нигериската атлетичарка Тоби Амусан го освои златниот медал во трката на 100 метри со пречки на Светското првенство во Јуџин, САД и притоа постави нов светски рекорд во дисциплината.
Амусан ја истрча патеката за рекордни 12,12 секунди.
Со тоа Нигеријката со собори рекордот од 12,20 секунди, кој во мај 2016 година во Лондон го постави американската атлетичарка Кендра Харисон.