Никола Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Во периодот пред распаѓањето на Југославија, како главен и одговорен уредник на младинскиот весник “Млад Борец” ги отвара страниците на весникот за темите и личностите за кои дотогаш не се пишува.
Тој и “Млад Борец” влегуваат во историјата на македонското независно и слободно новинарство како предвесник на новите демократски процеси.
Неговите колеги и соработници, и оние кои сведочеле и учествувале во создавањето на “Млад борец” и “Фокус”, како и оние на кои овие проекти им биле инспорација, за Нова зборуваат за значењето на Младенов во независното новинарство и општествените процеси во Република Македонија.