Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николиќ бара кралицата Елизабета да ургира на резолуцијата за Сребреница

0
By Нова ТВ on July 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за безбедност на ОН денеска ја разгледува британската резолуцијата за Сребреница со која се одбележува 20 години од масакарот во Сребреница.

Сепак резолуцијата може да се соочи со вето од Русија, која ги поддржуваше босанските Срби и Србија за време на војните во деведесеттите години на минатиот век.

Нацртот го осудува злосторството во Сребреница и повикува да се направат напори со кои би се спречил геноцид низ светот.

Ако се прифати дека трагичните настани во Сребреница се геноцид, тоа е предуслов за помирувањето, стои во резолуцијата. Во неа се осудуваат и тие што го негираат геноцидот.
По тој повод, српскиот претседател Томислав Николиќ, ја замоли кралицата Елизабета Втора, да побара од британската влада, да се откаже од резолуцијата, и покрај фактот дека таа нема влијание во формирањето на политиките.

Во писмото, кое го објавија српските медиуми, Николиќ бара од кралицата да ги искористи своите надлежности и да ја убеди владата на Камерон да се откаже од неа, тврдејќи дека тоа „би ги отворило старите рани“.

„На нацрт резолуцијата гледам како на нешто штетно за стабилноста во регионот“, вели Николиќ во писмото.

Николиќ во писмото се извинува поради тоа што, обраќајќи ѝ се на кралицата директно, се однесувал „недипломатски“.

Но, Николиќ инсистира дека тоа било потребно, „за да не се направи грешка и да не се врати Балканот назад во тешките времиња на конфликтите“.

Предложената резолуцијата подготвена од постојана членка на Советот за безбедност на ООН Британија го осудува масакрот на повеќе од 7.000 Бошњаци од Сребреница и секое негирање дека е извршен геноцид.

Предлогот предизвика незадоволство во Србија и ентитетот на босанските Срби во Босна и Херцеговина, Република Српска, кои на масакрите извршени од силите на босанските Срби, и покрај пресудите на меѓународните судови, не гледаат како на геноцид.

Николиќ, во своето писмо вели, дека „би била голема неправда, невистинито и неодговорно“, военото злосторство во Сребреница, да се нарече геноцид. Тој ги обвини бошњачките сили за убиство на илјадници српски жени, деца и постари луѓе, во селата во околината на Сребреница за време на војната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.