Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 говореше за случајот кој деновиве „крена прашина“ во јавноста – случајот со евентуална злоупотреба на европски пари од страна на „Еразмус Плус“ програмата на чело со Лидија Димова.
Вицепремиерот изјави дека на седницата на Владата во вторник ќе побара разрешување на директорката.
„Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Постапката нека си тера со почитивање на презумцијата на невиност”, изјави вечерва во Клик Плус на ТВ21 , вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски.