Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија со над 60% повисок буџет

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени  2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој, изјави Николовски

Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Николовски. Николовски посочи дека  Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција  за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма, и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2.

„Преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, со цел попрофитабилно и конкурентно земјоделство како основа за развој на македонската економија. Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени  2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој.И тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции ви преработувачки капацитети“, изјави министерот Николовски.

Притоа, министерот Николовски посочи дека се воведуваат повеќе нови при аплицирањето за ИПАРД 3 Програмата. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција. Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Во ИПАРД 3 ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој ќе се објави во последниот квартал од годинава.

ИПАРД 3 Програмата ќе стратува со четири нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ преку која општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ. Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи со која ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој.  За уште поголема искористеност на европските фондови, во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на  советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично.

Министерот Николовски денеска ја посето компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. Оваа компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството. Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари. Сопственикот на команијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.

…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.