Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Најбитно е да продолжат клучните процеси

0
By Ivana on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска не прецизираше дали ќе остане на функцијата и во новата Влада.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека најважно е што државата останува на патот на евроинтегрирањето.

– Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму во тој наратив и дух е склучениот договор со Алтернатива и обезбедено стабилно и сигурно мнозинство, кое ќе ги продолжи овие процеси во следните две и пол години, изјави Николовски.

Како кабинет, посочи Николовски, се додека е на позицијата ќе прави притисок сите проекти и мерки за враќање на довербата на граѓаните во системот да бидат имплементирани.

– Со мнозинството, кое е обезбедено, навистина го осигуравме тој пат. Јас мислам дека тоа е побитно, од тоа дали некој ќе биде на некаква позиција. Во натамошниот период секако дека ќе се отворат и прашањата и за мандатар и тогаш ќе бидат отворени и прашањата за составот, структурата и за перформансот потребен во новата Влада и тогаш ќе разговараме со мандатарот за она што е потребно да продолжиме да го трансформираме општеството, изјави Николовски.

Во однос на поразот на локалните избори, Николовски рече дека на локалните избори граѓаните бираат проекти и луѓе кои што се за општините, и дека пред само 11 месеци, како шеф на централен изборен штаб објабил голема победа на СДСМ и Коалицијата, која денеска е зголемена.

– Таа коалицијата денеска има зголемен број пратеници во Собранието и ќе продолжи во следните две и пол години без избори да го трансформира општеството, да носи европски вредности, да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат успесите постигнати во изминатите години. Само тоа е битно, ничија друга политичка кариера не е повеќе битна од тоа што треба да го одработиме за грѓаните, изјави Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.