Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Од ИПАРД 3 се очекуваат над 50 отсто повеќе средства

0
By Ivana on February 11, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија овој месец треба да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021 – 2027 за нашата држава, а откако ќе се завршат административните процедури, ќе биде објавен и првиот јавен повик.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека се очекува со ИПАРД 3 земјава да добие над 50 проценти повеќе средства од ИПАРД 2.

Во интервју за МИА тој најавува дека се работи и на акредитирање нови мерки.

Досега, ИПАРД средства најмногу се бараа за опрема и модернизација на производствени и преработувачки капацитети, но во последно време атрактивна е и мерката за рурален туризам.

-Еден од највисоките приоритети на кои сум фокусиран е ИПАРД зашто знам дека инвестицијата, времето и енергијата што ги потрошивме од 2017 до 2019 година дадоа резултат. Станавме лидери според искористеноста на ИПАРД. Од земја која плаќаше пенали во 2017 година поради неискористени средства, неакредитирни мерки и комплицирани процедури, денес сме пример во целиот регион. Другите учат од нас како да ја зголемат апсорпцијата на европските пари, вели Николовски.

Тој нагласува и дека е постигнат значителен напредок во однос на времето од објавување на повикот до склучување договор за реализација на инвестицијата.

-Во 2017 година се чекаше по 18 месеци за одобрување на некој проект. Просекот од распишување повик до одобрување беше година и пол, а сега се потребни три месеци од повик до склучување договор. На голем дел од оние што набавувале опрема за четири месеци им се исплатени средтсвата па тие сега, нормално, се охрабрени да влегуваат повторно во нови инвестиции, истакнува министерот.

Како што беше речено на деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“ што ја одржа Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој во септември лани, со ИПАРД 3 Програмата чија временска рамка е од 2021 – 2027 година, во македонското земјоделство ќе влезат инвестиции од 250 милиони евра. Програмата е проектирана на 97 милиони евра иако не е исклучена можноста средствата да се зголемат, но не и да бидат помали, а првиот повик се очекува да биде објавен во периодот јуни – јули 2022 година.

Една од новините во Програмата е авансното финансирање од 50 отсто од повратот на инвестицијата за која се аплицира. Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра. 

Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на мнинимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Вкупниот буџет на ИПАРД 2 тежеше 60 милиони евра. Според Платежната агенција, интересот за европските пари е голем и досега не е изгубено ниту евро.

Во интервјуто за МИА што ќе биде објавено утре, Николовски зборува и за новите закони и програми, за земјишната политика, како и за пасиштата, а најавува изградба на три откупни центри, во Ресен, Скопје и Струмица, како и институционално јакнење за спроведување на планираните реформи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.