Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ништо подобро не сме ни заслужиле

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ведран Воиновиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Откако на БХТ беше објавено дека интервјуто со Себија Изетбеговиќ, сопругата на членот на претседателството Бакир Изетбеговиќ и генерална директорка на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, нема да биде емитувано, следуваше бран критики за работата на јавниот сервис и во јавноста повторно се наметна прашањето – колку навистина домашните медиуми се слободни и независни?

Марио Вранкиќ, директорот на БХТ, само додаде масло на огнот кога на новинарското прашање зошто интервјуто нема да биде емитувано, одговори: “Нема да биде емитувано, тоа е се што можам да ви кажам.”

Два дена по оваа изјава на директорот Вранкиќ, во гостување на телевизијата Н1, Амир Сужањ, уредник на Радиото Босна и Херцеговина, се покажа како единствениот вработен во јавниот сервис кој имаше храброст да го осуди овој чин велејќи: “Ова е најголемо понижување на професионалниот углед од самото постоење на БХТ и тоа го покажуваат реакциите на јавноста. Кој и на чие барање и зошто и под какви околности била донесена одлуката да не се емитува, не знаеме ни ние вработените во програмата. Ни ние луѓето од програмата немаме повеќе информации од она што го слушнавме на медиумите. Поради тоа што се работи за угледот на нашата куќа, ние вработените ги очекуваме одговорите исто како што ги очекува јавноста.”

Меѓутоа, ни јавноста ни вработените нема да добијат одговор. Нема затоа што се неважни и едните и другите. Никој нема да даде оставка поради ова, никој нема парично да биде казнет па и ако има закони тие нема да бидат спроведени. Разноразни уредници, главни но неодговорни, спроведуваат самоволие на сите нивоа на власта што ја имаат бидејќи се наоѓаат на позиција на моќ која тешко може да им биде загрозена.  Така, г-дин Сужањ вели дека не би се изненадил ако му биде врачен отказ поради критиката за несовесно работење на управата на јавниот сервис: “Свесен сум за реалната можност во понеделник да ме сопре обезбедување на влезот и да ми каже дека сум добил отказ со бесмислено образложение, на пример, дека изнесувам невистини. Но, јас морам да признам дека имам одговорност кон јавниот збор, кон граѓаните што секој ден ме слушаат на микрофонот, сакам да кажам дека не се согласувам да бидат политичка играчка во БХРТ и вин БХРТ и не се согласувам со ова срамотно молчење. Ако менаџментот сака да ме отпушти, нека ме отпуштат.”

Оваа ароганција и однос кон јавноста, но и кон сопствените вработени, не се ништо ново. Тие се само последица на долга низа години недоговорно работење и однесување на директорот и управата на јавниот сервис коишто никогаш не донесе големи последици за актерите.

Сличен случај имаше во 2012 година, кога босанско-херцеговачката јавност беше сведок на шокантното мешање во уредувачката политика на Федералната Телевизија (ФТВ) од страна на тогашниот лидер на СПД и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија. Тој беше снимен како дава инструкции на тогашниот новинар на ФТВ Дарјан Бабиќ за содржината на неговиот прилог за Дневникот. Бабиќ го испочитува “договорот” со Лагумџија и во Дневникот пушти прилог кој им одговараше на инструкциите и желбите на партискиот шеф. Последиците од вакво фијаско во нормална земја би донеле оставки на сите вмешани, вклучително и Лагумџија. Но, Босна не е нормална земја. Босна е земја во која тогашниот уредник на програмата на ФТВ и шеф на Дарјан, Бакир Хаџиомеровиќ, по овој скандал, изјави за “Дневни аваз”:

“Иако снимките на колегата Бабиќ и претседателот Лагумџија не покажуваат ништо спорно и иако на нив не се гледа некакво уредување и влијание на новинарот, одлучивме Бабиќ да го оддалечиме на извесно време од малите екрани, поради притисоци од странски кругови се решивме на овој потег. Колегата Бабиќ нема да биде повеќе пред камери, но ќе остане вработен. Ние сме професионална ТВ-куќа и не ги отпуштаме луѓето туку-така. Има доволно работа и зад камерите а колегата совесно и професионално ќе работи”.

Значи, ако бидете фатени како ги кршите сите обичаи на новинарската професија, во јавниот сервис не ве чека отказ туку уште поудобно место, место на кое вашата нагодност може уште повеќе да дојде до израз, а помалку во очите на јавноста. Исто така, причината за оддалечувањето од малите екрани не е неспособноста или непрофесионалноста, или едноставно недостиг на знаење, туку притисоци од странски кругови. Директорите и уредниците не ги интересира многу што мисли јавноста за јавниот сервис. Важно е да спомне дека тогашниот уредник на програмата и мултимедиуми на ФТВ Бакир Хаџиомеровиќ, е кандидат на СПД за бошњачки член на Претседателството на БиХ за 2014 година, значи на неполни две години од овој скандал. Нема што, совесно и професионално.

На новинарите во БиХ им останува единствено да најдат заштита од политиката во политика. Нешто слично како кога сопствениците на кафани плаќаат криминалци за да ги чуваат од други криминалци. Но, не се само политичарите виновни за ова. Криви се и другите новинари кои доброволно им се продаваат на политичките партии и се однесуваат како медиумски добермани на своите спонзори. Кога ќе дојде ситуација како неемитувањето на интервјуто на Себија, кога Додик се однесува како папа кон Аријана Сараќевиќ-Хелаќ, кога четниците во Вишеград храбро трчаат на Адиса Имамовиќ, кога ФБ страницата БОШЊАЦИ отворено повикува на линч на Амир Зукиќ и другите вработени во Н1, медиумските работници мораат да знаат дека тие грозни работи можат и ним да им се случат. Според податоците на Линија за помош на новинари на Здружението на новинари на БХ, само во изминатите 10 години се забележани речиси 500 напади врз новинари. Ако продолжи овој тренд на неказнивост за овие дела, може да се очекува дека бројот на напади ќе расте, а односот на власта кон медиумите ќе стане уште полош. Секоја политичка опција ќе има свој уредник и свој медиум. Ништо подобро не сме ни заслужиле.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.