Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобел сезоната почнува, кои се фаворитите

0
By Нова ТВ on October 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел е еден од фаворитите за Нобеловата награда за мир оваа година, тврди германскиот дневник Билд.

Од утре се отвара «сезоната» на новите Нобеловци. Во понеделник околу пладне ќе биде соопштен добитникот на Нобеловата награда за медицина, во вторник за физика а во среда за хемија а на 12 октомври добитникот на наградата за економија. Денот на доделување на наградатаза литература се чува во тајност до последниот миг но познавачи велат дека таа се доделува традиционално во четврток па оваа година тоа би можело да се случи на 8 октомври.

Најмногу внимание во јавноста привлекуваат Нобеловите награди за мир која се доделува на 9 октомври и литература а па така овие добитниците на овие две престижни признанија има и најмногу шпекулации.

Така и Билд влезе во оваа трка на погодување на идниот добитник на награда за мир. Според Билд, Меркел може да ја добие наградата поради својот ангажман во украинската криза и во кризата со бегалците.

Меркел изјави дека ЕУ има морална обврска да ги прими стотиците илјади бегалци кои пристигнуваат во Европа и широко ги отвори портите на својата земја. Канцеларката беше остро критикувана поради овој став. Но, истовремено, тој став беше преземен и во други земји на ЕУ и од страна на политичарите и граѓаните. Сетете се на поддршката за прием на бегалците која дојде од публиката на фудбалските стадиони и во Германија и во други земји на ЕУ.

Со овој став Меркел заслужи да ја понесе титулата на лидер какви што има многу малку во Европа.

По обичај, Нобеловиот институт кој ја доделува наградата останува нем се до последниот момент и остава место за десетици шпекулации.

Вкупно 276 организации и личности беа предложени за наградата за мир. Прогнозата за доделување на оваа награда на Меркел дојде од пред се од директорот на Институтот за истражување за мир во Осло кој изјави дека токму канцеларката ќе ја добие наградата.

Најнадежни на списокот предлози се владата на Колумбија поради преговорите за мир во движењето Фарк, преговори кои, по долги децении, ќе донесат безбедност во оваа латинско-америчка држава.

На списокот е и опозицискиот руски дневник Новаја Газета. Според прогнозерите, би било добро еден медиум да ја добие оваа наградата бидејќи тоа досега не било случај но и поради тоа што слободата на изразувањето во Русија е во опасност а весникот храбро се бори против таа опасност.

Според некои прогнози високо на списокот се наоѓаат Високиот комесаријат за бегалци, кој веќе ја доби на два пати оваа награда во 1954 година и 1981 година и католичкиот свештеник Мусие Зераи кој им помага на бегалците безбедно да го минат Медитеранот.

Понатаму на списокот се наоѓаат Едвард Сноуден, шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф и неговиот американски колега Џон Кери за иранскиот нуклеарен договор, потоа меѓународната кампања за аболиција на нуклеарното оружје, гинекологот од Конго Денис Муквеге кој им помага на силуваните жени или јапонската асоцијација “Друштво за поддршка на членот 9”. На списокот е и актуелниот Папа.

Минатата година Нобеловка за мир беше младата пакистанска активистка Малала Јусафзаи и еден активист на правата на децата, Индиецот Каилаш Сатиарти.

Што се однесува во наградата за литература досега се слушнаа имињата на Светлана Алексиевич од Белорусија, Нгуги ва Тионго од Кенија и Американците Џојс Керол Ејтс, Филип Рот, Дон Де Лило, Томас Пиншон или Урсула Ле Гуен. Можно е наградата да замине за САД бидејќи последниот Нобеловец за литература од САД беше писателката Тони Морисон во 1993 година.

Нобеловецот добива награда од 8 милиони круни или 855.000 евра.

Следете го во “живо” објавувањето на награди преку Твитер на @NobelPrize.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
ФОКУС

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, јавија израелските медиуми, според кои…

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025
ТИКЕР

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.