Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска.
Според првичните информации нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.
Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.
Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино -град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина, на помалку од 100 километри од Харков, кој е втор по големина украински град. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.