НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноќта пред инвазијата ни кажаа дека ќе одиме во војна, не испукавме куршум, а паднавме во заседа, вели руски војник по заробеништво во Украина

0
By Sashko on May 26, 2022 СВЕТ
Фото: ukrinform.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сè уште се навикнувал на задолженото вооружување и воените напори, а рускиот војник Антон (21), изненадувачки за него, веќе се нашол опколен со украински војници. Куршуми фрчеле околу него, а еден го погодил во раката.

„Тоа беше нашиот прв судир со непријателот. Не испаливме ниту еден куршум. Паднавме во заседа и не можевме да возвратиме. Моравме да се предадеме“, вели 21-годишниот Антон (измислено име) во интервју за „Гардијан“.

Тој минал 45 дена во заробеништво во Украина. Бил заборен на 2 март со уште пет војници од неговата единица, додека руските сили изведуваа офанзива на стратешки важниот бродоградителски град Миколаев. Ослободен беше во април, кога Москва и Киев се договорија за размена на заробеници.

Британскиот весник го именува момчето со Антон, бидејќи побарал анонимност. Тој потекнува од мал град во Сибир, а договорот за придружување во војска го потпишал лани во декември, набрзо по завршување на стручното образование. Сега вели дека „требал да стори сè“, за да ја избегне војската.

Неговата единица била префрлена на полуостровот Крим во декември, при што му било кажано дека ќе учествува на „еднонеделна“ обука. Дотогаш, тврди тој, практички не минал никаква воена обука што адекватно би ги подготвила за војна.

Како минуваа деновите на Крим, Антон вели дека дел од припадниците на единицата почнале да се грижат дека ќе бидат пратени во војна, што сè уште ја смета за „апсурдна“.

„Многумина не можеа ниту да замислат дека ќе бидеме испратени во војна. За тоа нè известија во последен момент, ноќта пред инвазијата. На крајот на краиштата, навистина беше некоректно како руските власти се однесуваа кон мене. Во Украина бев пратен целосно неподготвен“, вели Антон.

Набрзо по заробувањето, украинските сили му ставиле вреќа на глава додека го транспортирале до затворската ќелија чија локација не ја знае и денеска.

„Се тресете на најмал звук. Секој ден се надеваш дека не ти е последен и дека нема да бидеш убиен“, се присетува Антон и истакна дека не бил физички нападнат за време на периодот во заробеништво, но додаде дека бил психички бил вознемируван од украинските стражари, но и од некои руски војници.

„Постојано ни кажуваа дека Русија е готова и дека припаѓаме на дното како општество. Ни се закануваа дека ќе нè изгладнуваат“, посочи тој и кажа дека трипати бил преместуван за време на заробеништвото.

Во еден момент бил замолен да сними интервју со украински блогер за искуството со заробеништво.

„Во таква ситуација, како затворник, сфаќате дека немате избор да кажете „не“. Се согласувате и покрај тоа што ви кажале дека може да одбиете“, изјави Антон.

Антон во април бил разменет за украински војник, како дел од „трампата“ по принципот „еден за еден“ во кој учествувале уште 17 руски војници. Размената се случила во близина на украинскиот град Мелитопољ.

По враќањето во Русија, безбедносните служби го интензивно го испрашувале за време минато во Украина.

„Сакаа да бидат сигурни дали можат да ми веруваат. Тоа беше стандардна процедура“, вели тој.

Последиците од заробеништвото, како што вели, почнале да се јавуваат по неколку дена од отпуштање од болница.

„Додека бев заробеник, блокирав најголем дел од моите емоции. Само се обидував да не размислувам за својот живот. Но, сега имам страшни соништа, едвај можам да спијам и многу се здебелив“, порача Антон.

Од руските власти добил 2.000 фунти како отштета за повредите, но сега размислува да најде начин за конечно да ја напушти војската.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.