Осло: Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање.
Норвешкиот парламент во ноември усвои предлог со кој се бара од владата да биде подготвена да признае независна палестинска држава.