Се поставува нова табла за слободно изразување, овој пат во Старата скопска чаршија (спроти кафулето Дамар).
Ѕидот за слободно изразување, на тема “Пред да умрам…” („ Before I die…“) ќе биде поставен во недела, 15 септември 2013 година, во 12 часот.
На првата, веќе поставена инсталација на улицата Македонија во Скопје, десетици граѓани секојдневно испишуваат пораки и мислења за тоа што за нив претставува слободата.
Со таа цел, отворена е и Фејсбук страна , која повикува- Изрази се слободно!
Инсталациите кои го искористуваат јавниот простор како место за слободно изразување се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.