Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов опасен тренд на Тикток со земање големи дози парацетамол, на Токсикологија досега нема таков случај

0
By Marija Todorovska on February 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „Титок“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА денеска ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик.

Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Токсичната доза изнесува  5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или  леталната – смртна доза е 20-25 грама, напиша Чибишев неодамна на „Фејсбук“.

Појасни дека труење настанува заради исцрпување на метаболичкиот систем на црниот дроб, силното хепатотоксично дејство на N- ацетилмидокинонот – составна компонента на парацеталот, што предизвикува некроза или распаѓање на хепатоцитите, клетки што го градат црниот дроб.

Следува таканаречен токсичен хепатитис што има исклучително тешка клиничка слика, проследена со масивни внатрешни крварења, тешко засегање на централниот нервен систем – енцефалопатија и акутно откажување на бубрежната функција. Ги повикувам надлежните институции внимателно да ја следат состојбата, апелираше директорот на Токсикологија.

За кобните последици што може да ги има предизвикот, се огласи и доктор Нико Беќаровски од истата Клиника.

Од почетокот на оваа година, на платформата „Тикток“ кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, внесување големи дози „парацетамол“. Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување, подвлече Беќаровски.

Тој додаде дека секоја година, 30 до 50 отсто од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек.

Затоа, контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случи нова трагедија, советуваше Беќаровски.

Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ – 2 кесички и да се побара лекарска помош.

Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, потенцираше Беќаровски на „Фејсбук“.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет – шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.

Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање.

парацетамол ТикТок Токсикологија Тренд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.